Stojanov, Aleksandar (2013) Квалитетот на живот како развоен проблем претставен преку човековиот развој, сиромаштијата и нееднаквоста“. Masters thesis, Goce Delcev University.
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_pdf.mt..pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Квалитетот на живот на луѓето во најголема мера е детерминиран од нивниот животен стандард. Животниот стандард се однесува на материјалната компонента на квалитетот на живот на луѓето и го претставува квантитетот и квалитетот на добрата и услугите кои им се достапни на луѓето, како и начинот на кој тие добра и услуги се дистрибуирани меѓу нив. Човековиот развој којшто е непосредно поврзан со квалитетот на живот се дефинира како процес на проширување на човековиот избор, во поглед на способностите (можностите) човекот да води долг и здрав живот, да биде добро образован и да има пристоен животен стандард. Додека пак, сиромаштијата официјално е дефинирана како: „за сиромашни треба да се сметаат сите лица, семејства и групи на лица чии ресурси (материјални, културни и социјални) се ограничени до тој степен што ги исклучуваат од минималниот прифатлив начин на живот, важечки за земјата-членка во која живеат“.
Клучни зборови: благосостојба, животен стандард, економски раст, доход, линија на сиромаштија, социјална исклученост.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 03 Jul 2014 13:15 |
Last Modified: | 03 Jul 2014 13:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10392 |
Actions (login required)
View Item |