Предметот музичко образование во рамките на основното образование

Nasev, Lence (2010) Предметот музичко образование во рамките на основното образование. Yearbook - Faculty of Music Art, 1 (1). pp. 59-62. ISSN 1857-8659

[thumbnail of Lence, Godisen zbornik FMU, 2010.pdf]
Preview
Text
Lence, Godisen zbornik FMU, 2010.pdf

Download (265kB) | Preview

Abstract

Основното образование во Р. Македонија е задолжително. Според Законот за основното образование во Службен весник на Република Македонија број 103 од 19.8.2008. година, тоа трае девет години и се организира во три воспитно-образовни периоди и тоа: од I до III, од IV до VI и од VII до IX одделение. Започнувајќи од својата шеста година детето активно се вклучува во долготраен и плански процес, преку кој стекнува систематизирани знаења од разни области вклучувајќи ја и музиката. Музичкото образование како задолжителен предмет е застапен во сите одделенија од I до IX одделение. Со воведувањето на Концепцијата на деветгодишно образование (2007), предвидено е овој предмет да се изучува од I до V одделение со два часа неделно, додека од VI до IX одделение со еден час неделно. Притоа, во Концепцијата за деветгодишно основно воспитание и образование (2007) можеме да сретнеме податок со кој е предвидено најголем дел од наставата да ја изведува одделенскиот наставник, додека во училиштата каде има услови во V одделение да се вклучат предметни наставници по музичко, ликовно и техничко образование. Во тој случај учениците во вториот период од деветгодишното образованието (од IV до VI одделение) постепено ќе се запознаваат со нови предметни наставници од уметничкото подрачје. Со тоа би се спровеле и дел од целите на основното образование со кои е предвидено на учениците да им се овозможи да усвојат систем на знаења и вештини за независно,ефикасно и креативно делување во околината.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Lence Nasev
Date Deposited: 02 Jul 2014 14:02
Last Modified: 02 Jul 2014 14:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10384

Actions (login required)

View Item View Item