Ilic, Blagica (2014) Сценска адаптација на градски игри од Велес. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_МАГИСТЕРСКИ ТРУД - Б.ИЛИЌ.pdf Download (10MB) | Preview |
Abstract
Овој труд ќе произлезе од кореолошко-етнолошкото проучување на орските, вокалните и инструменталните традиционални обележја од градот Велес и велешката околина од крајот на XIX и текот на XX век. Создавањето елаборат за подготовка на сценска адаптација ќе биде основа за прагматичната цел, односно за создавање на сценско-уметничка адаптација и презентација на истата. Сценските решенија се дел од свадбениот обреден циклус, со најголема доминантност на традиционалниот орски сегмент претставен во придружба на чалгиски инструменти кои од крајот на XIX до првата половина на XX век биле активни во градот Велес низ повеќе чалгиски состави, локално именувани како тајфи. Кон крајот на XIX век, во градските средини на Македонија вклучувајќи го и градот Велес, се наметнува новиот моден стил ала Франга, како начин на идентификација превземен од француското или западното модно влијание, претставен преку облековниот инвентар на учесниците во сценската адаптација.Како звучно-естетско надополнување на планираната сценска адаптација ќе се примени и вокалната изведба на традиционални песни кои според техниката и стилот на изведување го отсликуваат градскиот чалгиски мелос.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | свадбени обичаи; чалгиска музика; носија ала Франга; Рамно велешко; Адана; Ибраим оџа; Мавили. |
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 02 Jul 2014 08:20 |
Last Modified: | 02 Jul 2014 08:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10353 |
Actions (login required)
View Item |