Музиката на Дјук Елингтон

Stevanovski, Filip (2013) Музиката на Дјук Елингтон. Masters thesis, Goce Delcev University.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Магистарски труд „Музиката на Дјук Елингтон“ - Филип Стевановски.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Магистарски труд „Музиката на Дјук Елингтон“ - Филип Стевановски.pdf

Download (984kB) | Preview

Abstract

Музиката на Едвард Кенеди Елингтон (Дјук Елингтон) претставува едно
од најголемите наследства на 20-от век. Дјук Елингтон претставува симбол на
Вашингтон. Неговото музичко творештво како композитор и предводник на
својот оркестар, биг-бенд, претставува вистинско лидерство во џез музиката.
Студената војна 60-тите и 70-тите години не го спречува да ги посети
тогашните источни европски и азиски држави, почнувајќи од Советскиот Сојуз,
Среден Исток, Африка, Азија и Латинска Америка. Во 1969 година,
претседателот на САД Ричард Никсон му го врачува Медалот на слободата, а
исто така добитник е на Пулицеровата награда, како и на 13 Греми награди.
Музиката на Дјук Елингтон има силно изградена музичка структура и трае
со генерации. “Дјук бил многу шармантен и елегантен и толку ја ценел
својата публика, што кога ќе бил повикан да свири во некоја земја, тој ќе
напишел композиција за таа земја. Сакал да оди и таму каде што не било
пожелно да оди. Никогаш не ја етикетирал својата музика. Затоа и кажувал
дека тоа не е само џез, туку американска музика“, зборува Мерцедес
Елингтон, внука на Дјук Елингтон која го чува наследството на својот дедо.
Како што не ја делел публиката, не ја делел ни музиката. Во своите
музички изведби ги урива расните бариери, свирејќи за црната и белата
публика, што во тоа време била голема реткост. Неговата цел била преку
музичкото изведување да направи интеграција на луѓето. „Постојано
компонираше, па дури и кога лежеше на смртната постела во болницата.
Беше опкружен со ноти и имаше клавир под креветот”, ќе напомне неговата
внука Мерцедес Елингтон. Во својата музичка кариера има компонирано преку
три илјади дела. Неговото музичко наследство и понатаму живее преку
генерациите кои доаѓаат.
Четириесеттите години од 20 век се карактеристични со нова музичка
насока која се одделува од џезот, позната како би-бап. Покрај Дју Елингтон, за
најквалитетни музичари во оваа музика се сметаат: саксафонистот Чарли
Паркер, пијанистите Бад Пауел и Телониус Монк, трубачите Дизи Гилеспи и Клифорд Браун, како и тапанарот Макс Роуч.
Би-бап музиката помогнала џезот да се оддели од игривата и популарна
музика и, што е најзначајно, да прерасне во “музика на музичарот”. Сосема
поразлично од свингот, одделувајќи се од денс музиката и преминувајќи кон
нова уметничка форма, но не намалувајќи ја својата популарна и комерцијална
вредност. Би-бапот се карактеризира со побрзо темпо (бидејќи бил наменет за
слушање, а не за играње), и нова форма на хроматизам и дисонанца.
Дисонантниот тритонски интервал станува најважниот интервал во би-бап
музиката кој се употребува во апстрахирана форма на импровизација со
акорди кои се поткрепени со инхерентни карактеристики.
Со оваа музичка насока не само што настанува суштинска преродба во
делот на главната музичка секција, туку и пратечката, тапанарската. Стилот на
свирење на тапани прераснал во понеостварлив и експлозивен стил каде што
рајд чинелата се користела за да го задржи временскиот интервал, додека
барабанот и големиот тапан се користеле за акцентирање. Овие хармонични
звуци не биле прифатени од свинг музичарите. Обично го нарекувале како стил
преполн со “трки и нервозни фрази”. Веќе од 50-тите години би-бапот бил
прифатен како дел од широката лексика на џезот.
Карактеристичен е историскиот момент за појава на би-бап. Тоа е
историски период во кој се појавува големата светска економска криза, Втората
светска војна и сите негативни реперкусии кои ги поттикнуваат воените
активности. Иако џезот дава изведувачка слобода, сепак авторите бараат
нешто повеќе. Тоа повеќе го овозможува би-бап музичката насока која што како
стил воведува вистинска револуција во џез музиката, а воедно претставува и
креација на стил на живеење.
Негувајќи го стилот, во модерните времиња, Лорен Мињар основа
француски Дјук Оркестра (Duke Orchestra) составен од 15 извонредни солисти
кои естетиката и вредноста на Дјук Елингтон, облагородени со модерни музички звуци, ги пренесуваат во модерното време

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 02 Jul 2014 08:11
Last Modified: 02 Jul 2014 08:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10350

Actions (login required)

View Item View Item