Операции на пренос на маса-практикум

Andronikov, Darko and Jordeva, Sonja (2016) Операции на пренос на маса-практикум. ISBN 978-608-244-282-2.

[img]
Preview
Text
736f6e6a612e6a6f7264657661on.pdf

Download (2537Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/512

Abstract

Овој практикум е помошен материјал, односно додаток на скриптата за студентите кои го слушаат предметот Операции на пренос на маса како посебен предмет, како и за дел од предметите Кинетика и феномени на пренос и Технолошки операции во прехранбената индустрија во втора година на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и со самото тоа првенствено е наменет за студентите на овој факултет. Практикумот можат да го користат и студенти кои изучуваат технолошки операции во текстилната или други гранки на индустријата. Потребата од овој практикум произлезе од недостатокот на литература од оваа област. Практикумот содржи: кратки изводи од теоријата неопходни за објаснување на методите за пресметка на конкретни проблеми, пресметковни задачи и упатства за лабораториски вежби. Практикумот е конципиран според предметната наставна програма и е усогласен со содржините од скриптата по истиот предмет. Материјалот е структуриран во 11 поглавја ‒ едно воведно и поглавјата: материјални биланси, дифузија, конвективен пренос на маса, меѓуфазен пренос на маса, адсорпција, рамнотежа на фази, дестилација, екстракција, кристализација и сушење. Практикумот му овозможува на студентот стекнување на знаења и вештини за составување и пресметка на тотален, делумен или компонентен биланс во некој хемиски процес и решавање на проблемски задачи од областа на дифузија, конвективен и меѓуфазен пренос на маса, фазна рамнотежа и сушење. Исто така, студентот ќе се запознае со основните лабораториски апаратури и начини за изведување на процесите дестилација, екстракција и кристализација. Како автори на овој практикум ќе бидеме бескрајно благодарни за сите забелешки и сугестии во однос на овој ракопис во насока на негово подобрување.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Engineering and Technology > Mechanical engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Sonja Jordeva
Date Deposited: 28 Sep 2016 07:00
Last Modified: 28 Sep 2016 07:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16315

Actions (login required)

View Item View Item