Ефективност на вештачки граници во зависност од параметри на мрежата

Hadzi-Nikolov, Stojan (2015) Ефективност на вештачки граници во зависност од параметри на мрежата. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
лекториран магистерски труд.pdf

Download (11Mb) | Preview

Abstract

Во овој труд ќе се осврнеме на пресметката на интеракцијата флуид - структура (fluid-structure interaction (FSI). Флуидно - структурната интеракција (FSI) се користи при анализа на заемнодејсвото помеѓу флуидите и цврстите структури. Овој феномен се јавува кај сите проблеми кои вклучуваат проток на флуид кој предизвикува деформација на цврстата структура и деформираната цврста структура предизвикува промена на протокот на флуидот. Прикажани се нумеричките резултати добиени за различни дебелини на мембраната. Влезниот агол  односно поместувањето на објектот и аголното поместување  кои се пресметуваат и илустрираат преку дијаграми (цртежи). Коефициентот на отпор Cd, коефициентот на подигнување Cl и вртливиот момент исто така се пресметуваат и прикажуваат со слики. Направена е компарацијата помеѓу различни дебелини на мембрана со користење на фиксната мрежа и деформирани мрежи преку цртежи, како и компарација помеѓу фиксните и деформираните мрежи. Конечно точноста на деформирани мрежи на пониски нивоа се споредуваат со резултатите добиени на повисоките нивоа на фиксната мрежа. Даден е краток опис за моменталниот статус на флуидно структурни интеракциски проблеми, почетната состојба и негова примена во различни инженерски дисциплини. Со цел да се продолжи со нумеричка анализа на проблемите на интеракција флуид - структура, опишана е теоријата на „Пресметковната динамика на флуиди“ (CFD), основните равенки, Навие-Стоксовите равенки и методот на конечни елементи како и решавање на проблемот со помош на софтверот FEATFLOW.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 28 Sep 2015 09:41
Last Modified: 28 Sep 2015 09:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13845

Actions (login required)

View Item View Item