Изработувањето на гајди во с. Ињево од страна на инструменталистот Јован Митев – Вано

Angelov, Goranco (2014) Изработувањето на гајди во с. Ињево од страна на инструменталистот Јован Митев – Вано. In: Македонски фолклор. Институт за фолклор “Марко Цепенков“ - Скопје, Skopje, pp. 197-206. ISBN 0542-2108

[img]
Preview
Text
Goranco MAKEDONSKI FOLKLOR.pdf

Download (3443Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
ИЗРАБОТУВАЊЕТО НА ГАЈДИ ВО С. ИЊЕВО ОД СТРАНА НА ИНСТРУМЕНТАЛИСТОТ ЈОВАН МИТЕВ – ВАНО.pdf

Download (869Kb) | Preview

Abstract

Народните музички инструменти како оставштина градена и негувана со векови наназад од нашите предци претставуваат значаен сегмент во градењето на музичката традиција. Како дел од материјалната култура народните музички инструменти се повеќе од значајни за секој народ кој преку нив се идентификува во средината во која живее и надвор од неа. Присутноста на поголем дел од постарите музичките инструменти во денешно време ни укажува на нивната важна улога во севкупното човеково опстојување и културно изградување. Нашето интересирање за народните музички инструменти во подалечното и поблиско минато не смее да го намали интересот за состојбата со овие инструменти во денешно време, време на глобализација. Денешната употреба на голем дел од стариот музички инструментариум и неговата музичка функција помеѓу населението кое живее во Република Македонија, на некој начин говори за застапеноста и употребата на музичките инструменти и во минатото. Како една важна ако не и најважна заслуга за зачувувањето на старите музичките инструменти имаат изработувачите на народни музички инструменти. Овие изработувачи или мајстори на инструменти со својата работа им овозможуваат на талентираните свирачи да се служат со квалитетни музички инструменти што е предуслов за квалитетно техничко и стилско изградување на инструменталистите. Во овој труд ќе се фокусираме на изработувањето на гајда во с. Ињево од страна на Јован Митев – Вано, кој остава трага во музичката традиција на село Ињево и околината, како гајдаџија и како изработувач на гајди.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 05 Feb 2015 12:21
Last Modified: 05 Feb 2015 12:21
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12356

Actions (login required)

View Item View Item