Stavreva Veselinovska, Snezana (2013) Повторно поврзување на детскиот свет со светот на природата. Воспитание - списание за образовна теорија и практика, 15. pp. 121-133. ISSN 1857-5331
Preview |
Text
672-975-1-PB_VOSPITANIE.pdf Download (740kB) | Preview |
Abstract
Во поголемиот дел од човековото постоење, децата поминувале
поголемиот дел од нивното детство надвор во природа, поврзувајќи се со природата и истражувајќи ги полињата, ливадите и пределите кои се блиску до нивните домови. За време на втората половина на 20 век, детската околина за многу краток период стана премногу урбанизирана. Децата сега поминуваат скоро триесет часа неделно пред телевизор или
компјутер, слушаат нешто преку слушалки или пак постарите деца користат мобилни телефони или медиа плеери. Ние со години на технологијата сме и приоѓале само од една страна. Сме се восхитувале на епохални изуми кои го поттиснувале човечкиот труд од непосредниот процес на производство,
нарекувајќи го тоа хуманизација на работата. Многу подоцна, понекогаш и предоцна, откривме дека технолошкиот прагматизам ги загрозува потенцијалните изворите и смислата на животот во локалната средина и во планетарни размери. Но за тоа не е виновна технологијата, туку начинот на кој ја користиме и целите кои и ги поставуваме. Технолошкиот изум на машината ѝ дава моќ, а од непосредните оператори се очекува да и вдахне разум. Затоа во трудот се презентираат последиците од разорната моќ и „задоцнетиот ум” на планетата Земја. Потенцирам, не со намера да се елиминира технологијата, туку да се усклади со одржливиот развој, не со намера да се обвини машината, туку со амбиција разумниот живот да
се прошири од борба за опстанок на видот во настојување за опстанок на животната средина и не со намера да се враќаме во дивината туку да одиме кон остварување на жител на планетата.
Item Type: | Article |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | technology, nature, children, teachers, planet Earth |
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Snezana Stavrova Veselinova |
Date Deposited: | 28 May 2014 07:32 |
Last Modified: | 28 May 2014 07:32 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9991 |
Actions (login required)
View Item |