Влијание на сортата и степенот на зрелоста врз чувањето на грозје во ладилник

Božinović, Zvonimir and Boskov, Krum and Beleski, Klime and Korunovska, Biljana and Dimovska, Violeta (2011) Влијание на сортата и степенот на зрелоста врз чувањето на грозје во ладилник. In: Зборник на трудови и презентации, 9-10 Nov 2009, Струмица, Македонија.

[thumbnail of Binder1.pdf]
Preview
Text
Binder1.pdf

Download (408kB) | Preview

Abstract

Во Р Македонија има поволни еколошки услови за производство на трпезно грозје. Производството е лоцирано во топлите виногорија. Застапени се сортите од многу ран до многу доцен период на созревање. Истото во свежа состојба се пласира на пазарите од почетокот на август до крајот на октомври. Најголемо призводство е во септември. Во тој период, зелените пазари се многу богати со разни видови овошје и е отежнат пласманот на свежото грозје. Вишокот на грозје во овој период, најквалитетно може да се искористи со негово складирање и пласман на пазарите од втората половина
на ноември. За чување на грозјето се направени повеќе ладници лоцирани во зоните на производството. Постојат поголем број испитувања поврзани со чување на грозјето. Современите технологии на чување обрнуваат посебно
внимание на погодноста на сортата, време и начин на берба, утврдување степенот на инфекција, методи на предладење, услови на чување и сл. Со успешно чување на грозјето во ладилник, се продолжува времето на консумација на свежо грозје.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Violeta Dimovska
Date Deposited: 09 May 2014 08:19
Last Modified: 09 Feb 2015 12:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9909

Actions (login required)

View Item View Item