Sarac, Vasilija (2009) Управување со вклучување и исклучување на високонапонски прекинувачи. In: MakoCigre-2009, Ohrid.
Preview |
Text
207.pdf Download (374kB) | Preview |
Preview |
Text
CIGRE-2009-programa.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Високонапонските прекинувачи спаѓаат меѓу најважните и најскапите расклопни уреди
во електроенергетските постројки па затоа е неопходно нивно следење со цел продолжување на
нивниот животен век. Користењето на електронски уреди за управување со моментот на
вклучување или исклучување на прекинувачите во голема мера ги намалува товарите
предизвикани од пренапони или струи на магнетизирање а со тоа и го продолжува животниот
век на прекинувачите. Овие уреди овозможуваат издавање на команда за отварање или
затварање на прекинувачот во зависност од моментот на поминување на струјата или напонот
низ нула. За прекинувачите со три независни пола секој пол добива независна команда од
единицата за управување земајќи го во предвид фазното изместување помеѓу сите три пола.
Управувањето со моментот на вклучување или исклучување на прекинувачите овозможува
зголемување на доверливоста на системот како резултат на намалени флуктации на напонот и
го продолжува животниот век на опремата. Представениот електронски уред во овој труд е
универзален уред кој може да се користи за сите видови на прекинувачи и за сите видови на
товари. Покрај тоа од уредот може да се добијат и следнивие податоци кои се корисни за
следење на работата на прекинувачот: последните четири операции на вклучување или
исклучување, сите влезно излезни сигнали, осцилограмите на напоните и струите, дијаграмите
на командите (пример, влезовите од командната соба и излезите кон прекинувачот), детекција
на положбата на секој пол на прекинувачот.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Vasilija Sarac |
Date Deposited: | 07 May 2014 11:58 |
Last Modified: | 07 May 2014 11:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9906 |
Actions (login required)
View Item |