Квантитативна проценка на трупот од ноеви (Struthio camelus, l.) и споредба на хемискиот состав на ноево, пилешко и јунешко месо

Naseva, Dijana (2010) Квантитативна проценка на трупот од ноеви (Struthio camelus, l.) и споредба на хемискиот состав на ноево, пилешко и јунешко месо. Masters thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Факултет за земјоделски науки и храна.

[thumbnail of ПРВИТЕ СТРАНИ - КВАНТИТАТИВНА ПРОЦЕНКА НА ТРУПОТ ОД НОЕВИ (Struthio camelus, L.) И СПОРЕДБА НА ХЕМИСКИОТ СОСТАВ НА НОЕВО, ПИЛЕШКО И ЈУНЕШКО МЕСО.pdf]
Preview
Text
ПРВИТЕ СТРАНИ - КВАНТИТАТИВНА ПРОЦЕНКА НА ТРУПОТ ОД НОЕВИ (Struthio camelus, L.) И СПОРЕДБА НА ХЕМИСКИОТ СОСТАВ НА НОЕВО, ПИЛЕШКО И ЈУНЕШКО МЕСО.pdf

Download (492kB) | Preview
[thumbnail of КВАНТИТАТИВНА ПРОЦЕНКА НА ТРУПОТ ОД НОЕВИ (Struthio camelus, L.) И СПОРЕДБА НА ХЕМИСКИОТ СОСТАВ НА НОЕВО, ПИЛЕШКО И ЈУНЕШКО МЕСО.pdf]
Preview
Text
КВАНТИТАТИВНА ПРОЦЕНКА НА ТРУПОТ ОД НОЕВИ (Struthio camelus, L.) И СПОРЕДБА НА ХЕМИСКИОТ СОСТАВ НА НОЕВО, ПИЛЕШКО И ЈУНЕШКО МЕСО.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

За изработката на овој магистерски труд земени се вкупно 12 ноеви одгледани на фарми во Република Македонија. Сите ноеви се од расата Црноврат Афрички ној. Три ноеви потекнуваат од фарма во Демир Капија, пет ноеви потекнуваат од с. Курија, Неготинско, четири ноеви потекнуваат од фарма близу Велес. Сите ноеви се заклани на возраст од 12 – 14 месеци, на адаптирана линија за колење ноеви. Од квантитативната проценка на трупот од ноеви (Struthio camelus, L.) се добиени повеќе параметри. Утврдено е дека живата маса на трупот од ноеви изнесува просечно 103,72 kg. Кланичната маса на топол труп изнесува 52,93 kg, а кланичната маса 24 часа post mortem или дефинирано како кланична маса на ладен труп изнесува 51,33 kg. Аналогно на тоа добиваме дека калото на ладење изнесува 1,59 kg или истото изразено во проценти изнесува 3,04 %. Пресметан е рандманот на топол труп и има вредност 50,99 %, а на ладен труп 49,45 %. За придружните производи од колењето на ноевите се добиени следниве вредности: пердуви (пердуви + клоака + крајни делови од крилата) 5,93 kg, глава 0,72 kg, кожа 8,51 kg, нозе 4,06 kg, црн дроб 1,529 kg, срце 1,006 kg, полн желудник 8,77 kg, празен желудник 4,55 kg, полни црева 11,321 kg, бел дроб 0,58 kg, грклан + душник 0,47 kg, лој 4,43 kg, друго (крв + градна коска) 3,45 kg. Истите параметри изразени во проценти во однос на живата маса изгледаат вака: пердуви (пердуви + клоака + крајни делови од крилата) 5,73 %, глава 0,7 %, кожа 8,19 %, нозе 3,93 %, црн дроб 1,48 %, срце 0,97 %, полн желудник 8,46 %, празен желудник 4,39 %, полни црева 10,96 %, бел дроб 0,57 %, грклан + душник 0,46 %, лој 4,23 %, друго (крв + градна коска) 3,33 %. При мерењето на линеарните мерки на половинките од ноеви се добиени следниве резултати: должина на труп 74,92 cm, должина на бут 76,92 cm, обем на бут 62,83 cm и должина на врат 81,33 cm. Важна компонента при квантитативната проценка на трупот од ноеви е добивањето на масата на основните делови и содржина на месо и коски во истите. Тежината на бутовите изнесува 16 kg, на грбот 25,80 kg градите 7,93 kg и на вратот 2,05 kg. На десниот бут од нојот е измерено 6,18 kg месо и 1,81 kg коски. На грбот е измерено 21,37 kg месо и 4,18 kg коски kg. Од градите е добиено 2,436 kg месо и 5,284 kg коски. При анализата на хемискиот состав на ноевото месо направена 24 часа post mortem е утврдено дека месото од ној, земено од бутот содржи 74,52 % вода, 22,62 % белковини, 0,34 % масти и 1,22 % минерални материи. Со анализа на варијанса на хемискиот состав на ноево, јунешко и пилешко месо утврдено е дека постои статистички значајна разлика помеѓу средните вредности на трите варијабли, при ниво на доверба 95,0 %.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Animal and dairy science
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Dijana Naseva
Date Deposited: 06 May 2014 09:06
Last Modified: 06 May 2014 09:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9878

Actions (login required)

View Item View Item