Leontik, Marija (2010) Рефлексиите на исламската цивилизација на македонскиот патронимиски фонд. In: Четвртти меѓународен конгрес за исламската цивилизација на Балканот, 13-17 Oct 2010, MАНУ. (Unpublished)
Preview |
Text
2010-ИСЛАМСКА-ЦИВИЛИЗАЦИЈА-МАНУ.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Апстракт: Во периодот меѓу 15 и 19 век Македонија се наоѓала под административна управа на Османлиската Империја и дошла во непосреден допир со исламската цивилизација што оставило свои траги и во македонскиот патронимиски фонд (пр. Мехметова, Рахманов). Во тој период, како резултат на соживотот меѓу македонското и турското население, елементи на исламската цивилизација по спонтан пат навлегле во македонската патронимија која во тој период била во фаза на развој и не била утврдена категорија.
Зачетоците на македонските патроними се наоѓаат во минатото кога нашите предци, освен имиња, почнале да употребуваат дополнителни определби на личните имиња (пр. Тодор Милош, Јован Ќор). Идентификацијата со лично име и дополнителни определби слободно се развивала во текот на османлиската управа, а во 19 век на нивна основа се појавиле патроними со презименски суфикси. По формирањето на СФРЈ и по конституирањето на самостојна Р. Македонија, Законот за лични имиња и презимиња, на своите граѓани им овозможи слободен избор. Во денешниот современ презименски репертоар кај Македонците, како наследство од минатото, имаме патроними со турски елементи преку кои се чувствуваат рефлексиите на исламската цивилизација, а кои претставуваат спој на минатото и на сегашноста, но воедно и спој на словенската цивилизација со елементите на исламската цивилизација.
Клучни зборови: исламска цивилизација, македонски патроними, лични имиња, прекари
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Leontik |
Date Deposited: | 30 Apr 2014 11:11 |
Last Modified: | 30 Apr 2014 11:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9846 |
Actions (login required)
View Item |