Leontik, Marija (2013) Турцизмите во лексиколошките трудови на Олга Иванова. In: Меѓународна научна конференција: Македонистиката меѓу традицијата и современите предизвици, 22 Nov 2013, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје . (In Press)
Preview |
Text
2013-OLGA-IVANOVA.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Апстракт: Олга Иванова во многу свои лексиколошки трудови, директно или индиректно, ги има обработувано турцизмите како лексички слој. Поради ова лексиколошките трудови станаа предмет на интересирање и на специјалистите по турски јазик, кои се интересираат за заемните влијанија на турскиот и на македонскиот јазик и за промените што се случувале при адаптацијата на турцизмите во македонскиот јазик.
Лексиколошките трудови на О. Иванова се доказ дека турските лексички заемки квантитативно и квалитативно го збогатиле македонскиот јазик дека во еден дел се употребуваат денес во различни области, а еден дел останаа како историски споменик на одредено време со свој начин на живот.
Сите лексиколошки трудови на О. Иванова се карактеризираат со долгогодишна трпелива работа, педантност и стручност што влеваат доверба и будат интерес да бидат користени како сигурен извор и компетентна литература. Овој заклучок ќе го поткрепиме со илустративни материјали од целокупното лексиколошко творештво на О. Иванова.
Клучни зборови: Олга Иванова, македонски јазик, турски јазик, лексиколошки трудови, турцизми.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Leontik |
Date Deposited: | 28 Apr 2014 09:46 |
Last Modified: | 28 Apr 2014 09:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9822 |
Actions (login required)
View Item |