Придонесот на Оливера Јашар-Настева во збогатувањето, стабилизацијата и стандардизацијата на турските лексички елементи во македонскиот јазик.

Leontik, Marija (2012) Придонесот на Оливера Јашар-Настева во збогатувањето, стабилизацијата и стандардизацијата на турските лексички елементи во македонскиот јазик. Зборник на трудови од научниот собир под наслов „Придонесот на македонските лингвисти во стабилизацијата и во стандардизацијата на јазичната норма на македонскиот јазик“, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 11-12 мaj 2011, Скопје. pp. 77-86. ISSN 978-608-220-018-7

[thumbnail of 2011-ОЛИВЕРА-ЈАШАР-НАСТЕВА.pdf]
Preview
Text
2011-ОЛИВЕРА-ЈАШАР-НАСТЕВА.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Апстракт: Многу малку лингвисти во Македонија имаат толку многу трудови воедно во две области, во облата на македонскиот и на турскиот јазик. Оливера Јашар – Настева со целокупната своја работа е еден од тие ретки лингвисти. Исто така, таа има и многу компаративни трудови. Но нејзините најважни трудови се за турските лексички заемки кои квантитативно и квалитативно го збогатиле македонскиот јазик и кои во голем дел се употребуваат денес во различни области. Оливера Јашар – Настева во текот на целиот свој живот ги проучуваше турските лексички заемки во нестандардната и во стандардната лексика и го збогатуваше македонскиот јазик со нив. Меѓутоа, нејзината работа влијаеше и на стабилизацијата и на стандардизацијата на турските лексички заемки во македонскиот јазик. Сите лексиколошки трудови што таа ги редактирала или раководела се беспрекорни и денес се најсигурни извори во однос на турските лексички заемки во македонскиот јазик.
Клучни зборови: Оливера Јашар – Настева, македонски јазик, турски јазик, турски лексички заемки

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Leontik
Date Deposited: 28 Apr 2014 09:20
Last Modified: 28 Apr 2014 09:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9821

Actions (login required)

View Item View Item