Публикувана стручна литература од областа на туризмот во новиот милениум

Metodijeski, Dejan (2014) Публикувана стручна литература од областа на туризмот во новиот милениум. Современост. pp. 93-97. ISSN 0038-5972

[thumbnail of Publikuvana strucna literatura od oblasta na turizmot vo noviot milenium.PDF]
Preview
Text
Publikuvana strucna literatura od oblasta na turizmot vo noviot milenium.PDF - Published Version

Download (769kB) | Preview
[thumbnail of Publikuvana strucna literatura od oblasta na turizmot vo noviot milenium.pdf]
Preview
Text
Publikuvana strucna literatura od oblasta na turizmot vo noviot milenium.pdf

Download (304kB) | Preview

Abstract

Современиот туризам претставува показател за нивото на развој на нашата цивилизација, за некои луѓе е начин за подигање на културното ниво и обновување на здравјето или забава, за други можност за заработка, но треба да се одбележи дека туризмот е една од извонредните приказни за успех на денешното време. Минатата година повеќе од една милијарда туристи беа вклучени во меѓународни патувања, што го привлече вниманието и стана предизвик за голем број автори од различни држави во светот да го истражуваат феноменот наречен „туризам“ и да публикуваат литература поврзана со него.
Целта на оваа статија е да биде претставена публикуваната стручна литература од областа на туризмот во Република Македонија. Во текстот се земени предвид официјалните изданија во периодот од 2000 до 2012 година. Обработени се и табеларно презентирани податоците за издадените книги, стручни монографии и учебници поврзани со туризмот кои се напишани од македонски автори. Во текстот не се обработуваат изданија од пред 2000 година, ниту се земени предвид изданијата кои опфаќаат теми поврзани со туризмот како хотелското и ресторанското работење, туристички лексикони, речници, водичи, наставни книги за средните туристичко-угостителски училишта и др. Исто така, голем број на статии во весници и списанија, зборници на трудови, симпозиуми, конгреси, конференции, стратегии, студии, статистички годишници, скрипти, практикуми, прирачници, магистерски и докторски истражувања од областа на туризмот не се опфатени, со што се остава простор да биде направена подетална и методолошка класификација на туристичката литература во иднина. Во текстот како основен извор на податоци е користена базата на Кооперативниот онлајн библиографски систем и сервис. Виртуелната библиотека на Македонија или COBISS, е платформа која овозможува пристап до информациите на повеќе од 40 библиотеки во нашата земја. Клучни зборови кои беа користени при пребарувањето во базата на податоци се туризам, туризмот, туристички и туристичка. Треба да се одбележи дека, публикациите кои имаат второ или трето издание се наведени само еднаш.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 24 Mar 2014 10:33
Last Modified: 24 Mar 2014 10:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9592

Actions (login required)

View Item View Item