Студент од ФМУ освои меѓународна награда

29.4.2013 - Студентот Александар Манев се врати со трета награда од натпреварот во Република Бугарија, што претставува огромно достигнување. Наградата ја освои на 21. меѓународен натпревар „Музиката и земјата“, кој неодамна  се одржа во Софија, Република Бугарија.

         Манев настапуваше во конкуренција на музичари од Јапонија, Кореја, Швајцарија, Франција и многу други, а се претстави во исклучително светло. Настапуваше на пијано и настапи со Соната од Сергеј Прокофјев и „Три аргентински танци“ од Гинастера.

           Манев е студент во прва година на Факултетот за музичка уметност при УГД во класата на м-р Христо Стојаноски. Ова претставува исклучително достигнување и одлична промоција не само за младиот талент, туку и за факултетот и Универзитетот генерално.

20/03/2014
20.3.2014 - Во пресрет на Ораторските средби кои ќе се одржат на УГД студентите се обучуваа за тоа како да говорат јавно сите техники и...