Loading...
Published on Sep 11, 2013
Даме Груев (1871-1906) Документарен филм
Дамјан Јованов Груев или само Даме Груев (Смилево, 19 јануари, 1871 - Русиново, 23 декември, 1906) бил македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Возвишуван е како апостол и волјa на револуционерна Македонија.
Се родил во селото Смилево, тогаш во Османлиската империја, а денес во Македонија, во семејството на Јован и Тула. Се школувал во родното село Смилево, Ресен и Битола, Солун и Белград и во Софија, каде што студирал историја на Високата школа. Во Солунската егзархиска гимнзија Св. Кирил и Методиј (1887/1888) учествувал во големиот бунт на учениците во борба против бугарската пропаганда во Македонија, со барање за воведување во настава на македонски народен говор, а во Гимназијата во Белград во бунтот против српската пропаганда . На Универзитетот во Софија го формирал Македонското студенско друштво, кое имало за цел ослободување на Македонија од османлиската власт. Меѓутоа поради убиството на бугарскиот министер за финанси, Белчев, Македонското студенско друштво се самораспуштило, а Даме заминал за Македонија.
Во текот на образованата одисеја на потегот Солун - Белград - Софија, Даме и неговите сопатници созреаеле и разбрале дека ослободувањето на Македонија лежи во самите Македонци.
Standard YouTube License
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...