Sivevska, Despina and Popeska, Biljana (2013) Слободното време на студентите од Педагошки факултет во Штип. In: Научни скуп „Савремене тенденције у наставним и ваннаставним активностима на Учитељским (педагошким) факултетима“, 06 Dec 2013, Универзитет у Нишу, Учитељски факултет у Врању. (Unpublished)
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.popeska_Desktop_Сивевска&Попеска, Слободното време на студентите Врање 2013.pdf Download (932kB) | Preview |
Abstract
Слободното време на младите е голем и значаен временски простор, кој ако е недоволно осмислен и воден, може да биде извор и место за неправилно и неприфатливо однесување и појава на зависности кај младите. Содржините со кои е исполнето слободното време на младите е важен аспект кои придонесува за формирање на нивниот идентитет и квалитет на живот во иднина. Затоа е особено важно да се обрне внимание за негово организирање и структурирање, притоа водејќи сметка за вистинските потреби на младите за забава, дружење, како и за активностите кои содржат предизвици, како и физички и ментален напор.
Имајќи ја предвид важноста на слободното време за правилно и целосно развивање на младите личности вниманието во трудот го насочивме кон идентификување на активностите со кои е исполнето слободното време на младите, со посебен акцент на студентите од Факултетот за образовни науки во Штип. НА примерок од 152 испитаници, студенти во сите четири години на Факултетот за образовни науки, применивме анкетен прашалник преку кој утврдивме колку слободно време имаат студентите и со кои содржини и активности истото е исполнето. Добиените резултати ги посочуваат можните насоки за идно позитивно делување и насочување на младите кон правилен избор на активности кои ќе влијаат на севкупен позитивен развој на комплетната личноста.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Biljana Popeska |
Date Deposited: | 27 Feb 2014 13:13 |
Last Modified: | 27 Feb 2014 13:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9340 |
Actions (login required)
View Item |