Leontik, Marija (2010) Турските суфикси во македонскиот јазик со паралели од македонската патронимија и топонимија. Литературен збор, 57 (4-6). pp. 19-27. ISSN 0024-4791
Preview |
Text
2010-ЛИТЕРАТУРЕН-ЗБОР-4-6.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Турскиот јазик остави трајни траги во македонскиот јазик како резултат на историскиот факт дека долг временски период од пет века бил во контакт со македонскиот јазик.
Во периодот од 16 до 19 век, кога во книжевниот јазик навлегуваа елементи од македонскиот народен јазик, влијанието на турскиот јазик е најизразено. Сите овие историски факти влијаеле, по официјализирање на процесот на стандардизација на македонскиот јазик, турските елементи да имаат значајно место и во стандардниот македонски јазик да бидат застапени со над 3000 турски лексички елементи што се врзани со различни сфери од животот.
Од 3000 турски лексички елементи кои се присутни во стандардниот македонски јазик, околу 1000 се во активна употреба, а останатите останаа својствени на разговорниот и на книжевниот јазик или станаа архаизми. Но оваа состојба воопшто не влијаеше на македонскиот говорител и понатаму турските елементи да ги чувствува значително присутни во македонскиот јазик. Овој јазичен феномен се должи на два фактора: 1. на секојдневната фреквентна и редовна употреба на турските лексеми 2. на осамостојувањето на турските суфикси во македонскиот јазик и на градењето на нови лексеми по пат на аналогија.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Leontik |
Date Deposited: | 24 Feb 2014 09:42 |
Last Modified: | 24 Feb 2014 09:42 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9300 |
Actions (login required)
View Item |