Leontik, Marija (2011) Статусот на лексемите со турски суфикси во македонскиот јазик денес. Годишен зборник 2011 - УГД, Филолошки факултет, 2. pp. 115-122. ISSN 1857-7059
Preview |
Text
2011-UGD-ZBORNIK.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Лексичките заемки со турски суфикси квантитативно и квалитативно го имаат збогатено македонскиот јазик и голем дел од нив се употребуваат и денес во разновидни сфери. Процесот на восприемање и примена на лексичките заемки со турски суфикси се случуваше во долг временски период.
Лексемите со турски суфикси во поглед на временската оска се застапени во неутралната лексика, архаизмите и историцизмите; во нестандардната лексика се застапени со фамилијаризмите, дијалектизмите, аргото; а во поглед на функционалните стилови се употребуваат во разговорниот функционален стил, уметничколитературниот функционален стил и публицистичкиот функционален стил.
Лексемите образувани со турски суфикси, и воопшто турцизмите, не се застапени во административниот и во научниот функционален стил затоа што во историскиот развој на македонскиот јазик турцизмите сè повеќе го губеа своето неутрално обележје и стануваа стилски обоени. Оваа тенденција се случуваше во долг временски период паралелно со стандардизацијата на македонскиот јазик и осовременувањето на условите за живот и работа.
Клучни зборови: турски суфикси, неутрална лексика, архаизми, историцизми, фамилијаризми, дијалектизми, арго, разговорен функционален стил, уметничколитературен функционален стил, публицистички функционален стил
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Leontik |
Date Deposited: | 27 Feb 2014 11:24 |
Last Modified: | 27 Feb 2014 11:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9293 |
Actions (login required)
View Item |