Stojovska, Natasa (2014) Формулирање на маркетинг стратегија со фокус на потрошувачите. Masters thesis, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.
Preview |
Text
МАГИСТЕРСКИ ТРУД- Наташа Стојовска-PDF.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Глобализацијата, развојот на информатичките и комуникациските технологии и останатите трендови во новиот милениум, го менуваат пристапот кон потрошувачите. Тие бараат претпријатијата да ја одржуваат конкурентската предност преку способноста за навремено прилагодување на маркетинг стратегијата кон барањата и потребите на потрошувачите. Во тој поглед, забележан е постепен премин од масовниот кон индивидуалниот маркетинг во односите со потрошувачите.
Претпријатијата во новиот милениум се соочени со предизвикот за изнаоѓање на вистинскиот пат до потрошувачите. Дали овој пат ќе биде лојален, ефикасен и рентабилен, ќе зависи од способноста на претпријатијата успешно да ги менаџираат односите со потрошувачите, како и успешно да ги антиципираат и следат сите трендови кои имаат некакво влијание на однесувањето, карактеристиките, потребите и сегментацијата на потрошувачите.
Клучни зборови: потрошувачи, маркетинг стратегија, однесување, процес на купување, лојалност, профитабилност, сегментација.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Natasa Stojovska |
Date Deposited: | 19 Feb 2014 11:30 |
Last Modified: | 19 Feb 2014 11:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9277 |
Actions (login required)
View Item |