Dimova, Violeta and Nikolovska, Gabriela (2013) Етичките вредности во бајките од браќата Грим. Годишен зборник 2013 - Филолошки факултет, УГД - Штип. ISSN 1857-7059
Preview |
Text
виолета и габриела зборник.pdf Download (432kB) | Preview |
Abstract
И ден денес се прашуваме во што точно се наоѓа тајната на убавината на бајките, приказните и митовите, собрани и испечатени од страна на браќата Грим. Што тоа, што секогаш ги прави интересни за читање, како за младите читатели така и за повозрасните? Денеска, кога живееме во време на изгубени хумани вредности, дури и кај најмладите жители на планетава Земја, она што ни недостасува на сите е, во таа постојана борба меѓу доброто и злото, да победи доброто, етичкото, праведното, како врвна категорија на убавината на постоењето. И покрај модерниот и секако брз начин на живеење, како и револуционерниот напредок на сите научни и техничко-технолошки полиња, сепак, целта од највисок ранг е да се придржуваме кон основните етички принципи. Сметам дека овие основни морални вредности се длабоко врежани во бајките во изданието ,,Детски и семејни бајки’’ на браќата Грим.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Violeta Dimova |
Date Deposited: | 13 Feb 2014 09:36 |
Last Modified: | 07 Aug 2015 08:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9230 |
Actions (login required)
View Item |