Стратегиски маркетинг

Miceski, Trajko (2013) Стратегиски маркетинг. Универзитет „Гоце Делчев" - Штип. ISBN 978-608-4708-86-5

[thumbnail of Book Strategiski marketing.pdf]
Preview
Text
Book Strategiski marketing.pdf

Download (3MB) | Preview
Official URL: http://www.ugd.edu.mk

Abstract

Стратегискиот маркетинг нуди насока, т.е. стратегија за извојување на победа, т.е. конкурентска предност на претпријатието на конкурентското поле.
Претпријатието својата конкурентската предност не може да ја смета за предност, доколку не ја заснова врз принципите на создавање на вредности како за потрошувачите, така и за самото себе. Впрочем, конкурентската предност мора да го преферира принципот на градење на добри и профитабилни односи со потрошувачите.
Стратегискиот маркетинг знае дека за да се создадат вредности за потрошувачите, потребно е добро да се познаваат и разбираат нивните потреби, барања и желби и врз основа на нив претпријатието да ги адаптира своите производи и/или услуги и да пристапи кон нивна реализација на фокусираните целни пазари.
Денес, променетите услови за деловно функционирање налагаат и соодветни промени во маркетинг пристапот на претпријатијата кон потрошувачите. Брзите технолошки промени, променливите вкусови, потреби и барања на потрошувачите, силната конкуренција на пазарите и останатите
трендови на глобализацијата кои заземаат сè поголем замав, бараат не само навремено, туку и предвремено, односно антиципативно прилагодување на стратегискиот маркетинг. Всушност, денес, стратегискиот маркетинг добива сè поголема улога во опстанокот, конкурентноста и развојот на претпријатието, како во национални, така и во меѓународни рамки.
Стратегискиот маркетинг за да биде фактор кој ќе го поттикнува напредокот на претпријатието неопходна е целосна посветеност, ангажираност и одговорност од сите вработени во процесот на формулирање на маркетинг стратегијата. Сите фази во овој процес, почнувајќи од планирањето на маркетинг активностите, преку организирање, координирање и управување со финансиските, технолошките и човечките ресурси неопходни
за извршување на овие активности, сè до нивна имплементација и контрола на остварените маркетинг резултати, треба да течат на начин кој ќе овозможи стабилен раст на профитот на претпријатието во услови на ефикасно искористување на пазарните можности и креирана понуда која ги задоволува
потребите и барањата на оние сегменти потрошувачи кои претпријатието може да ги задоволи подобро од конкурентите.
Во овој поглед, од големо значење е способноста на претпријатието за супериорно задоволување на потрошувачите преку обезбедување дополнителни користи, диференцирање на понудата, воведување иновации и сè она што ја одржува и зголемува неговата конкурентска предност. Само на
овој начин претпријатието може да ја придобие нивната лојалност од која ќе имаат взаемна корист и потрошувачите и претпријатието.
За остварување на поставените маркетинг цели, на претпријатието му стојат на располагање повеќе национални и меѓународни маркетинг стратегии, а одлуката за стратегијата која ќе се примени зависи од посакуваните маркетинг цели, но и од способностите и потенцијалот на претпријатието и
можностите кои постојат на националниот или меѓународниот пазар.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Natasa Stojovska
Date Deposited: 11 Feb 2014 14:07
Last Modified: 11 Feb 2014 14:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9213

Actions (login required)

View Item View Item