Cingoski, Vlatko (2013) Потреба и можности за развој и функционирање на Берза за електрична енергија во Република Македонија. In: Прва меѓународна научна конференција на тема: „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, Еуробалкан, 20-21 Dec 2013, Скопје, Македонија.
Preview |
Text (Conference Proceedings)
Berza na EE vo RM.pdf - Published Version Download (783kB) | Preview |
Abstract
Берзата на електрична енергија (БЕЕ) претставува современа јавна платформа преку која се овозможува тргување со електрична моќност и енергија и нивните деривати. Таа претставува транспарентна платформа за понуда и побарувачка на електрична моќност и енергија во реално време. Постоењето на БЕЕ, од една страна овозможува локалните и регионалните компании на јавен, транспарентен и ефикасен начин да тргуваат со електрична енергија (ЕЕ) и нејзинитe деривати, а од друга страна да помогне во постигнување на поголема конкурентност на пазарот на ЕЕ.
Организираните БЕЕ претставуваат значен фактор во креирањето на пазарна енергетска околина и едновремено се движечка сила за зголемување на конкурентноста на услугите и цените во електроенергетскиот сектор. Со формирањето на БЕЕ се надополнува просторот на вообичеаните билатерални договори за купопродажба на електричната енергија, бидејќи учесниците на пазарот секогаш имаат потреба од посебно дефинирани договори соодветни на нивните потреби и можности за набавка.
Република Македонија во овој момент не располага со БЕЕ што претставува проблем во секојдневното функционирање на енергетскиот пазар во земјата. Со постепениот процес на либерализација на електроенергетскиот сектор, отворањето на БЕЕ претставува еден од основните предуслови за нормално, ефикасно и економично фунционирање на енергетскиот пазар.
Во овој труд, накратко ќе ги објасниме основните предности што ги нуди формирањето на БЕЕ на идниот либерализирани Македонски енергетски пазар, ќе направиме рекапитулација на постојните БЕЕ во Европа и во регионот, и ќе претставиме еден можен начин за брзо формирање и етаблирање на национална БЕЕ во Република Македонија.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Vlatko Cingoski |
Date Deposited: | 10 Feb 2014 14:19 |
Last Modified: | 10 Feb 2014 14:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9156 |
Actions (login required)
View Item |