Улогата на пумпно-акумулационите хидроелектрани во функција на зголемување на безбедноста и флексибилноста на електроенергетскиот систем

Cingoski, Vlatko (2013) Улогата на пумпно-акумулационите хидроелектрани во функција на зголемување на безбедноста и флексибилноста на електроенергетскиот систем. In: Прва меѓународна научна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, 20-21 Dec 2013, Skopje, Macedonia.

[thumbnail of Uloga na PAHE.pdf]
Preview
Text
Uloga na PAHE.pdf

Download (2MB) | Preview
Official URL: http://www.euba.edu.mk

Abstract

Пумпно-акумулационите хидроелектрани (ПАХЕ) имаат важна улога во современите електроенергетски системи (ЕЕС). Од една страна, тие ја подобруваат ефикасноста на ЕЕС, а од друга страна ја зголемуваат сигурноста и доверливоста во работата како и самото управување со системот. Овие производни капацитети претставуваат економичен и ефикасен систем за долгорочно складирање на електричната енергија преку зачувување на потенцијалната енергија на водата во соодветно припремени акумулациони системи за вода. ПАХЕ имаат можност за пумпање на водата од долната акумулација во горната акумулација во временски периоди на ниска побарувачка на ЕЕ (период на ниска цена на ЕЕ), и последователно користење на истата количина на вода преку празнење на горната акумулација во долната акумулација и производство на ЕЕ во друг период на денот, односно во текот на тн. висока побарувачка на ЕЕ (период на висока цена на ЕЕ).
Дополнителни предности кои ги имаат ЕЕС кои користат ПАХЕ се:
(1) можност за управување со ЕЕС преку адекватно искористување на ноќни енергетски вишоци за покривање на дневните недостатоци на ЕЕ,
(2) овозможување на Операторот на ЕЕС дополнителни услуги од типот на напонска и фреквентна регулација со што значително се зголемува доверливоста и флексибилноста самиот енергетски систем,
(3) зголемување на ефикасноста во користењето на хидроелектраната и нејзината опрема,
(4) силно позитивно влијание врз екологијата и животната средина заради зголемување на количините на произведена ЕЕ од обновливи енергетски извори и намалување на емисијата на штетните стакленички гасови.
Во овој труд, ќе биде разработено можностите за реализација и влијанието кое ПАХЕ би го имале во Македонскиот ЕЕС како и дополнителните бенефици за електроенергетскиот систем особено од аспект на сигурност, безбедност и доверливост во неговото управување и работа.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vlatko Cingoski
Date Deposited: 10 Feb 2014 14:17
Last Modified: 10 Feb 2014 14:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9152

Actions (login required)

View Item View Item