Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Koleva, Blagica (2013) Анализа на финансиски извештаи. ISBN 978-608-244-005-7.
Full text not available from this repository.Abstract
Скриптата „Анализа на финансиските извештаи“ е наменета, пред сè, за студентите на додипломски и постдипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои го изучуваат истоимениот предмет, но можат да го користат и сите останати кои се заинтересирани за оваа проблематика. Основната ориентација во излагањето на содржината е презентација на една целосна анализа, која опфаќа повеќе елементи: анализа на деловната стратегија, анализа на сметководствените политики и финансиска анализа.
Во тој контекст, материјалот опфатен во оваа скрипта е поделен на неколку делови:
Глава I – Основи на анализата;
Глава II – Воведни разгледувања во врска со анализата на финансиските извештаи;
Глава III – Анализа на деловната стратегија на компанијата;
Глава IV – Сметководствена анализа на политиките и проценките кои се применуваат во изготвување на финансиските извештаи;
Глава V – Финансиска анализа.
Во првата глава се обработени поимот, целите и задачите на анализата воопшто, како процес на испитување на сложените предмети и појави, кој наоѓа широка примена како во природните, така и во општествените науки.
Во втората глава од материјалот се обработени прашања во врска со поимот, видовите и целите на анализата на финансиските извештаи, како дел од пошироката деловна анализа на работењето на претпријатијата.
Третата глава е посветена на деловната стратегија на компанијата и нејзиното место во гранката во која работи, како и односот со конкуренцијата, посебно факторите кои влијаат врз нејзината профитабилност и врз можноста за зајакнување на нејзината преговарачка моќ.
Во четвртата глава детално се разработени професионалните регулативи, кои претставуваат основа за подготвување на финансиските извештаи и кои влијаат врз нивната материјална точност. Со оглед на тоа дека професионалната сметководствена регулатива, под која, пред сè, се мисли на Меѓународните стандарди за финансиско известување / Меѓународните сметководствени стандарди (МСФИ/МСС), дозволува примена на различни сметководствени политики за признавање и мерење на одредени билансни позиции, посебен дел во оваа глава е посветен токму на влијанието на сметководствените политики врз материјалната исправност на финансиските извештаи.
Во петтата глава, која е најголема по обем, се обработени инструментите на анализата на финансиските извештаи, пред сè, користењето на финансиските показатели за анализа на различните аспекти од работењето на компанијата: нејзината профитабилност, ликвидност, задолженост, принос на капиталот, принос од вложување во акции, како и различните облици на левериџ (оперативен, финансиски и комбиниран).
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Olivera Trajkovska |
Date Deposited: | 10 Feb 2014 10:49 |
Last Modified: | 06 Apr 2015 12:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9141 |
Actions (login required)
View Item |