Miceski, Trajko and Pasovska, Silvana (2012) Процес на промени во маркетинг стратегијата и структурата. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, 4 (1). ISSN 1857- 7628 (Unpublished)
Text
T.Miceski,S.Pasovska-GZ-2012.docx Download (769kB) |
Abstract
Организациската промена е континуиран активност во современото работење,бидејќи се смета дека процесот на промените го подобрува работниот систем.При промена на организацијата на маркетинг активностите треба да се има во предвид структуралната природа на промените во стратегијата,технологијата, постапките и методите кои маркетингот го прават интересен,предизвикувачки и атрактивен како работна функција.
Важен фактор за создавање на соодветна организација на маркетинг секторот е начинот на поврзување со потрошувачите на производите и корисниците на услугите.Големината на пазарот(на локално,национално или меѓународно ниво) влијае на организацијата на маркетинг секторот.А негова улога е да го зголеми бројот на потрошувачи и фреквенцијата на купување,со истовремено подобрување на производната програма и системот на продажба на производите.
Маркетингот треба да се сфати како култура на однесување кон потрошувачите.Затоа,иницијативата на менаџментот треба да биде кон прилагодување на производите на барањата на купувачите.Всушност,маркетингот е посебна менаџмент функција која ја креира културата на однесување на производителите во согласност со културата на однесување на потрошувачите.
Клучни зборови: маркетинг, организациски промени, производители, потрошувачи, менаџмент.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Natasa Stojovska |
Date Deposited: | 10 Feb 2014 12:12 |
Last Modified: | 10 Feb 2014 12:12 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9069 |
Actions (login required)
View Item |