Промените во наталитетот и очекуваното траење на животот како фактор за прилагодување на маркетинг стратегијата кон однесувањето на потрошувачите

Miceski, Trajko and Stojovska, Natasa (2013) Промените во наталитетот и очекуваното траење на животот како фактор за прилагодување на маркетинг стратегијата кон однесувањето на потрошувачите. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, 5 (1). ISSN 1857- 7628 (Unpublished)

[thumbnail of T.Miceski,N.Stojovska-Yearbook 2013-Trud 2.doc] Text
T.Miceski,N.Stojovska-Yearbook 2013-Trud 2.doc

Download (1MB)

Abstract

Демографските промени укажуваат дека наталитетот на населението во Р.Македонија и во земјите во окружувањето, во последните триесетина години покажува тренд на опаѓање. Така, бројот на живородени деца во Р.Македонија во 2011 година е намален за 43 %, во однос на 1980 год. Во истиот период забележано е намалување на живородените деца во Србија за 60%, во Бугарија 45 % и во Грција 28%.
Од друга страна пак, очекуваното траење на живот, како во Р. Македонија, така и во земјите во окружувањето и земјите на ЕУ, од година во година, постепeно се зголемува. Така, во 1993 година, просечното очекувано траење на живот во Р. Македонија изнесува 71,8 години, а во 2010 година изнесува 74,6 години. Во земјите на ЕУ, пак, во 1993 изнесува 75,4 години, а во 2010 е 79,6 години. Во согласност со прогнозирањето, се очекува дека и во понатамошниот период просечното очекувано траење на животот ќе се зголемува.
Поради овие и други слични причини, се јавува потребата претпријатијата да ја прилагодуваат маркетинг стратегијата во согласност со демографските промени кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите.
Во тој поглед, во фокусот на овој труд е неопходноста за прилагодување на маркетинг стратегијата кон однесувањето на потрошувачите во согласност со виталните движења, прикажани табеларно и графички.

Клучни зборови: наталитет, очекуваното траење на живот, анализа, прогнозирање, маркетинг стратегијата, потрошувачи.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Natasa Stojovska
Date Deposited: 10 Feb 2014 12:12
Last Modified: 10 Feb 2014 12:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9067

Actions (login required)

View Item View Item