Miceski, Trajko and Stojovska, Natasa (2013) Познавањето на потрошувачите како клучен чекор во формулирање маркетинг стратегија. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, 5 (1). ISSN 1857- 7628 (Unpublished)
Text
T.Miceski,N.Stojovska-Yearbook 2013-Trud 1.doc Download (848kB) |
Abstract
Доброто познавање на однесувањето на потрошувачите е непобитен фактор за градење на успешна маркетинг стратегија. Разбирањето на нивните барања и перцепирани вредности се смета за едно од најсложените прашања во теоретските концепции на маркетингот, а основната причина за ваквиот третман лежи во индивидуалноста на секој потрошувач во процесот на купување.
Најсоодветен пристап за осознавањето на однесувањето на потрошувачите е самото проучување на: индивидуи, групи или организации, како и процесот во кој тие избираат, обезбедуваат и располагаат со производи, услуги, искуства или идеи за да ги задоволат потребите, како и влијанието кое овој процес го има врз потрошувачот и општеството. Овде се комбинирани елементи од психологијата, социологијата, социјалната антропологија и економијата.
Поради неопходноста за разбирање на потрошувачите, во овој труд се анализирани сите фактори кои имаат влијание врз нивното однесување во процесот на купување. Оваа анализа е клучен чекор во процесот на формулирање маркетинг стратегија, бидејќи секоја маркетинг стратегија која ги зема во предвид овие фактори, ги антиципира идните промени кај однесувањето на потрошувачите и го прилагодува маркетинг миксот во согласност со овие промени, ќе биде успешна.
Клучни зборови: потрошувачи, однесување, познавање, маркетинг стратегија, формулирање, фактори.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Natasa Stojovska |
Date Deposited: | 10 Feb 2014 12:11 |
Last Modified: | 10 Feb 2014 12:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9066 |
Actions (login required)
View Item |