Јазикот на земјаните - Епска поема

Kukubajska, Marija Emilija (2010) Јазикот на земјаните - Епска поема. ЕМАРИ, Штип. ISBN 13 978-9989-2935-2-8

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_natalija.popzarieva_Desktop_Marija dokumenti_Јазикот на земјаните.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_natalija.popzarieva_Desktop_Marija dokumenti_Јазикот на земјаните.pdf

Download (729kB) | Preview

Abstract

“Јазикот на Земјаните“ содржи говор, содржини и форми на човековите духовни и физички борби за подобро уредување на светот во човекот и светот околу него, во хрониката на земното постоење и потрага по највисоките човекови идеи и идеали, како и за нивните антитези.
Оваа епска поема може да се поима како интер-дисциплинарно, вербално и визуелно консумирање, илустрирање и современо толкување на транс-темпорални, интра-национални, историски, библиски и пост-библиски теми, стил и јазик, со специфичност со која македонскиот аудиториум од еден до друг крај на интелектуалните и морални дијапазони ќе се стекне со нов поетски и пост-поетски дискурс. Поемата е иновативна, колку и традиционална, поетско-говорна комуникација за препознавање на ликови, симболи и теми, синоними и стереотипови, за илјадагодишни стари, како и од илјада секунди нови, благослови и гревови на човекот, слабости и солуции, распади и револуции на човековата духовна и материјална култура, моќ и немоќ.
Поемата е “превод“ на јазикот на културологијата, антропологијата, етиката, духовните пораки од исконските кризи и конфликти меѓу човековите мотивации за материјален и/или духовен опстанок низ кризни подрачја во контаминираната морална екологија на земјата, екологијата на душата. Епските слики и пораки во овој поетски говор, се детерминирани да го промовираат и заштитуваат моралниот слој што го обвиткува човековото битие од дегенеративно распаѓање, апелирајки за заштита на културниот и духовниот слој од деградација. Така неговата екологијата на душата покажува дека не само озонскиот слој е подложен на разјадување преку физичко еколошко загадување.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kukubajska
Date Deposited: 05 Feb 2014 11:19
Last Modified: 05 Feb 2014 11:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9050

Actions (login required)

View Item View Item