Ruskovska, Tatjana (2013) Надворешна контрола на квалитетот во клиничко-биохемиските лаборатории - чекор напред кон поквалитетна грижа за здравјето на пациентите. In: 13-ти Семинар за квалитет контрола информатика и заштита во медицинска лабораториска дијагностика, 19-23 June 2013, Охрид, Македонија.
Preview |
Text
MLZ 2013.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Резултатите од клиничко-биохемиските анализи имаат незаменлива улога во поставувањето на дијагнозата, како и следењето на текот на болеста и ефектите од терапијата кај бројни заболувања. Многу често овие резултати претставуваат една од клучните информации за донесување одлука за понатамошниот третман на пациентот. Од тука произлегува одговорноста на сите чинители вклучени во работата и менаџирањето на клиничко-биохемиските лаборатории (целокупниот лабораториски персонал, раководителите на лабораториите, како и раководителите на здравствените организации) да посветат особено внимание на квалитетот на работeњето на овие лаборатории и нивниот краен производ – резултатите од изработените анализи.
Меѓународниот стандард ISO15189 ги пропишува критериумите за управување со квалитет во медицинските лаборатории, каде внатрешната и надворешната контрола на квалитетот на резултатите претставуваат само едни од бројните аспекти на комплетниот систем за управување со квалитет (TQM – total quality management).
Додека секојдневната внатрешна контрола на квалитетот на резултатите во клиничко-биохемиските лаборатории е фокусирана исклучиво на самата лабораторија, суштината на надворешната контрола на квалитет се состои во компарација на перформансите на различни лаборатории, при тоа земајќи ги предвид спецификите на применетите методи и анализатори. Периодичните извештаи (овој тип на контрола вообичаено се спроведува еднаш месечно) даваат информација за точноста на резултатот за секој аналит, а годишниот извештај, освен сумарната статистичка анализа, содржи и информација за рангирањето на лабораторијата, како глобално, така и на ниво на земјата.
Постојат неколку комерцијални надворешни контроли на квалитет кои покриваат широка палета на стандардни биохемиски и имунохемиски методи, а од неодамна ваков тип на контрола постои и за хематолошките анализи.
Иако со примената на надворешната контрола на квалитет значително се зголемува сигурноста во издадените резултати, сепак овој концепт не обезбедува континуирана контрола. Како резултат на овие согледувања, а овозможено со напредокот на информатичката технологија, во светот се развиени програми за меѓулабораториска споредба на резултатите кои овозможуваат континиурано следење и проценка на квалитетот на резултатите во реално време. Ваков тип на контрола е достапен и во Република Македонија, а неговото имплементирање во лабораториите во поголем број здравствени установи ќе претставува значаен чекор напред во обезбедување на повисок стандард на здравствена грижа за населението.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Tatjana Ruskovska |
Date Deposited: | 10 Feb 2014 14:12 |
Last Modified: | 10 Feb 2014 14:12 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9012 |
Actions (login required)
View Item |