Kuzmanovska, Dragana and Petkovska, Biljana and Arsova, Nada and Nicheva, Vesna (2013) Учебникот како наставно средство и извор на знаење. Воспитание - списание за образовна теорија и практика, 8 (12). pp. 39-43. ISSN 1857/5331
Preview |
Text
vospitanie_pedagoski 2013.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Учебникот се смета за продукт на степенот на развиеност на системот на образование и воспитание во една земја. Тој ја покажува и докажува грижата на општеството за образованието и воспитанието како негови витални интереси и функции. Како средство за комуникација во наставата учебникот претставува значаен показател, одраз и израз на нашите педагошки концепции, сфаќања и погледи за наставата и за севкупниот
воспитно-образовен систем.
Добриот учебник претставува едно од најмоќните средства за
формирање на личноста на ушеникот за зголемување на ефикасноста на воспитно-образовната дејност. Тој најнепосредно го води наставникот во наставата и му служи како ориентир и патоказ во реализацијата на програмските цели и задачи, односно на наставните содржини. Се разбира,
учебникот ќе ја интензивира и унапредува наставата само ако оди во чекор со најновите педагошко-психолошки, дидактичко-методички и други научни сознанија. Затоа, тој мора перманентно да се усовршува, квалитетно да се подобрува од научен, педагошко-дидактичен, естетски,графичко-илустративен, технички и друг карактер.
Item Type: | Article |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | работно и политехничко образование, дилеми |
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Biljana Petkovska |
Date Deposited: | 03 Feb 2014 13:46 |
Last Modified: | 20 Feb 2014 14:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9006 |
Actions (login required)
View Item |