Поимите општ, заеднички и стручен јазик и нивниот заемен однос

Jakimovska, Svetlana (2013) Поимите општ, заеднички и стручен јазик и нивниот заемен однос. Литературен збор, 4-6. pp. 39-47. ISSN 0024-4791

[thumbnail of literaturen_zbor_2.doc] Text
literaturen_zbor_2.doc

Download (1MB)

Abstract

Разграничувањето на поимите заеднички и стручен јазик е предмет на интерес пред сè на терминолозите. Во основа теоретичарите се согласни околу тоа што се означува со овие поими, а несогласувањата најчесто се однесуваат на нивната заемна поврзаност. Според Депекер (DEPECKER 2002: 62-64), можеме да зборуваме за три, како што тој ги нарекува, „димензии“ на јазикот. Имено, првата димензија е општиот јазик или на француски langue générale, потоа заедничкиот јазик - langue commune и конечно стручниот јазик - langue spécialiséе. Општиот јазик, тоа се сите форми и правилата за нивно комбинирање кои го овозможуваат функционирањето на еден јазик. Заедничкиот јазик тоа е јазикот што се користи во секојдневието, во вообичаени ситуации. Конечно, стручниот јазик е јазикот што го користат стручни лица од различни научни и стручни домени.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Svetlana Jakimovska
Date Deposited: 23 Jan 2014 08:47
Last Modified: 23 Jan 2014 08:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8716

Actions (login required)

View Item View Item