Практикум по Интернет технологии

Koceska, Natasa and Jovanovski, Vlatko (2013) Практикум по Интернет технологии. ISBN 978-608-4708-92-6.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_saso.koceski_Desktop_Praktikum_IT.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_saso.koceski_Desktop_Praktikum_IT.pdf

Download (431kB) | Preview

Abstract

HTML (HyperText Markup Language) е најдоминантен маркирачки јазик за изработка на веб страници. Овој јазик се користи за опишување на структурата на информациите во текст ориентираните документи со помош на маркирање на одредени делови од текстот како што се насловите, параграфите, листите, итн., при што овој означен текст се заменува со интерактивни форми, вгнездени слики или други објекти. HTML исто така ги опишува, до одреден степен, и изгледот како и семантиката на документот.
HTML бил развиен во 1990 година од страна на научникот Tim Berners-Lee. Целта била да им помогне на научниците од различни универзитети меѓусебно да можат да пристапуваат до истражувачките документи. Проектот постигнал огромен успех, многу поголем отколку што самиот автор можел да замисли. Всушност, со појавата на HTML, Tim Berners-Lee ги поставил темелите на вебот, каков што го знаеме денес.
За креирање на HTML спецификацијата е одговорна W3C организацијата. Во текот на годините таа развила и креирала различни верзии на HTML. Во Ноември 1995 год. публикувана е HTML 2.0 спецификацијата која воедно претставува и прва публикувана спецификација. Потоа следуваат HTML 3.0, па HTML 3.2, па HTML 4.0, а во Декември 1999 год. е пуштена во употреба HTML 4.01 која претставува надградба на HTML 4.0. Најновата верзија на HTML достапна денеска е HTML5 која се базира на HTML 4.01 и XHTML 1.1 (XHTML-Extensible HyperText Markup Language) спецификациите.
Овој практикум е поделен на два дела: во првиот дел е објаснета синтаксата на HTML 4.01, додека во вториот дел се објаснети карактеристиките на некои од новите елементи воведени во HTML5.
Материјалот од овој практикум е наменет за студентите од прв циклус на студии, и ги следи аудиториските и лабораториските вежби по предметот Интернет технологии на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип и има функција да го олесни следењето на истите. Секако, истиот може да им користи и на студентите од други факултети кои сакаат да научат повеќе за креирањето на веб страници.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Natasa Koceska
Date Deposited: 03 Feb 2014 10:19
Last Modified: 07 Aug 2015 09:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8686

Actions (login required)

View Item View Item