Koceska, Natasa (2013) Интернет технологии - рецензирана скрипта. ISBN 978-608-4708-83-4.
Full text not available from this repository.Abstract
Интернетот, како глобална компјутерска мрежа веќе извесен период активно е вклучен во секојдневниот живот на милиони луѓе во светот, било да го користат за испраќање на електронска пошта, споделување на датотеки, пристап до одредени списанија и бази на податоци, или пак за купување или продавање на одредени производи и услуги, банкарски трансакции и сл. Сето ова е предизвикано од брзиот развој на техниката и технологијата, како и намалувањето на цената на чинење на услугите кои се нудат на Интернет. Сепак иако бројот на интернет корисници е голем, мал дел од нив знаат како е структурирана оваа мрежа и како всушност работи.
Затоа во оваа скрипта се објаснети основните поими, сервиси и протоколи коишто работат на Интернет. Различните нивоа од TCP/IP архитектурата, како и протоколите коишто работат на секое ниво се разработени во поединечните поглавја.
Овој материјал е наменет за студентите, од прв циклус на студии, и ги следи предавањата по предметот Интернет технологии на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип и има функција да го олесни следењето на наставата. Секако, истиот може да им користи и на студентите од други факултети коишто сакаат да научат повеќе за функционирањето на интернетот. На определени места, текстот е илустриран со слики коишто треба да му помогнат на читателот подобро да ги сфати соодветните теоретски концепти. Материјалот така е замислен, за да може да се комбинира и со практични примери кои би биле прикажани на предавањата, и преку кои студентите активно би учествувале во наставниот процес.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Additional Information: | Позитивно рецензирана скрипта |
Subjects: | Natural sciences > Computer and information sciences |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Natasa Koceska |
Date Deposited: | 31 Jan 2014 14:47 |
Last Modified: | 07 Apr 2015 14:02 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8684 |
Actions (login required)
View Item |