Практикум по хотелиерство

Taskov, Nako and Metodijeski, Dejan (2013) Практикум по хотелиерство. ISBN 978-608-4708-74-2.

Full text not available from this repository.

Abstract

Практикумот по хотелиерство е наменет за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за изготвување на вежбите и подготвување на испитот по предметот Хотелиерство, кој се изучува на следните насоки:
- Туризам во вториот семестар на прва година, со фонд на часови 3+2+2 и носи 8 кредити, задолжителен предмет;
- Хотелско-ресторанска во вториот семестар на прва година, со фонд на часови 2+2+1 и носи 6 кредити, задолжителен предмет и
- Гастрономија, исхрана и диететика во вториот семестар на прва година, со фонд на часови 3+2+2 и носи 8 кредити, задолжителен предмет.
Содржината на практикумот ја опфаќа потребната материја за вежбите по предметот Хотелиерство, според наставната програма на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Предметната програма по предметот Хотелиерство е составена од 12 предавања и тоа:
1. Појава и развој на хотелиерството;
2. Материјално-техничка база на хотелиерството;
3. Хотелски синџири;
4. Персонал (кадри) во хотелиерството;
5. Селекција, атестација и развој на кадрите во хотелиерството;
6. Резервации и продажби;
7. Технологија и организација на продажбите;
8. Дополнителни хотелски услуги;
9. Социјално-психолошки аспекти во хотелското работење;
10. Системот ол инклузив во хотелиерството;
11. Хотелиерството и крстарењата и
12. Категоризација на угостителските објекти.
Практикумот можат да го користат сите студенти на останатите факултети на кои се изучува предметот Хотелиерство, но и останатите стучни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика.
Практикумот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Хотелиерство и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите. Од тие причини, Практикумот е изработен во дванаесет вежби.
Првата вежба е наменета за добивање основни информации за регионалната распространетост и количеството на хотелски соби според бројот на население во Република Македонија. Студентите треба да направат табеларна пресметка, споредба и коментар на добиените резултати.
Втората вежба е посветена на камповите во Република Македонија. Пред почетокот на летната сезона студентите се поставени за менаџери во кампот Градиште. Треба да образложат по каков начин ќе ја збогатат понудата и престојот во кампот, кои дополнителни услуги ќе им ги предложат на туристите и какви чекори ќе превземат.
Во третата вежба студентите му помагаат на менаџерскиот тим на португалски хотелски синџир во дизајнирање на опис на работни задачи за новиот туристички комплекс за позициите Генерален менаџер, Менаџер на рецепција, Шеф на техничка служба и Директор за храна и пијалоци.
Во четвртата вежба студентите се вработени во хотел во Одделот за анимации. Во хотелот пристигнува група од 90 туристи од Англија за седумдневен престој. Групата е мешана има и деца и возрасни и пензионери. Студентите треба да состават анимациона програма за хотелот во која на туристите најдобро ќе им се претстави традицијата, обичаите, фолклорот и кујната на нашата земја.
Во петтата вежба тројца студенти, како дел од домашната работа се приготвуваат за интервју за работна позиција Рецепционер во хотелот Александар Палас. Студентите треба претходно да ги пронајдат сите информации потврзани со хотелот, да изработат своја кратка биографија и да дојдат на интервју. Останатите студенти прават оценка на интервјуираните.
Во шестата вежба студентите се поставени на позиција Менаџер на рецепција во голем хотел и треба да направат проекција за бројот на соби за кои треба да има дуплирање на резервација, за да биде постигната 100% искористеност на капацитетот.
Седмата вежба го опфаќа процесот на примање поплаки од страна на гостите, каде студентите даваат свое мислење и препорака како би реагирале во одредено сценарио поврзано со престојот и поплаките на гостите.
Во осмата вежба студентите образложуваат какви артикли би имало во хотелскиот мини бар (како дополнителна услуга во хотелиерството), доколку тие го прават изборот.
Деветтата вежба е поврзана со социјално-психолошките аспекти во хотелското работење. Студентите се поставени во улога на вработени во хотел и поставени во различни ситуации каде треба да ги анализираат гостите.
Во десеттата вежба, студентите треба да состават пакет од туристички услуги ол инклузив за хотелот Инекс Горица во Охрид. Преку вежбите се дава објаснување каде би бил понуден овој пакет и што би било вклучено во него.
Во единаесеттата вежба студентите организираат крстарење со брод по Охридското Езеро и предлагаат своја рута и пакет услуги кои ќе им бидат понудени на гостите.
Во дванаесеттата вежба студентите се запознаваат со Правилникот за категоризација и измените кои се направени во овој Правилник. Студентите прават коментар на овој Правилник и го искажуваат своето размислување поврзано со промените.
Вежбите се индивидуални. За време на вежбите секој студент добива податоци и се повикува на креативно применување на добиеното знаење. На тој начин студентот врши самопроверка на знаењето, а воедно и одговорните лица, со цел да се утврди до кој степен се усвоени методските единици. Секоја активност на часот се вреднува со соодветен број поени кои влијаат на конечната оцена.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 16 Jan 2014 13:06
Last Modified: 15 Apr 2015 10:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8640

Actions (login required)

View Item View Item