Скрипта по трговско право

Tusevska, Borka (2013) Скрипта по трговско право. ISBN 978-608-4708-45-2.

Full text not available from this repository.

Abstract

Апстракт:
Корените на трговското право датираат уште од Хамурабиј. Иако во тој период трговијата се реализирала преку правилата на граѓанското право, сепак постоеле одредени специфични трговски правила кои што се однесувале на продажбата, превозот на стока, посредување, заем со камата, кредитни работи кои што биле содржани во Хамурабиевиот законик.
Трговското право се развило во средниот век и тоа како обичајно право. Тоа било посебно право на трговските сталежи (lex mercatoria) кое што се развивало паралелно со развојот на трговијата најпрво во Италија, а понатаму и во Франција, Шпанија, Англија, Германија итн.
Во новиот век, на теренот на трговското право се појавуваат неколку кодификации на национален план, кои што постепено го издвојуваат трговското право како посебна правна гранка –Францускиот (Наполеоновиот) трговски законик од 1804 год, Германскиот трговски законик од 1911 год. Самиот процес на кодификација кој што се спроведувал во овој период укажува на значењето кое што трговското право го доживува. Во модерната правна литература и практика, трговското право има третман на самостојна правна гранка чиишто извори имаат различна правна природа. Во денешните услови на трговско работење се повеќе на значење добива автономното трговско право – обичаите, узансите, општите услови за работење итн. На база на ова, доминантна е улогата на меѓународните организации и комисиикои што во насока на создавање на автономно трговско право креирале бројни и хетерогени правни извори. Оттука, потребата од формирање на Меѓународен институт за унификација на приватното право – UNIDROIT Рим, Меѓународна трговска комора Париз, Меѓународни Поморски комитет, Комисија на ООН за меѓународно трговско право UNCITRAL итн. Сите овие меѓународни организации и асоцијации се творци на сет меѓународни правила кои што во современите услови на трговско работење претставуваа базичен правен режим под кои што се спроведува меѓународната трговија.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 27 Jan 2014 11:18
Last Modified: 08 Apr 2015 10:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8628

Actions (login required)

View Item View Item