Улогата на јавниот долг во јавните финансии

Gaber, Stevan (2013) Улогата на јавниот долг во јавните финансии. ISBN 978-608-4708-93-3.

[thumbnail of Skripta-Ulogata na javniot dolg vo javnite finansii-Stevan Gaber.pdf]
Preview
Text
Skripta-Ulogata na javniot dolg vo javnite finansii-Stevan Gaber.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Во современата економска теорија и практика посебно внимание привлекува анализата на однесувањето на државите при проекцијата и реализацијата на буџетската политика, односно сè поголемиот осврт на дефицитниот начин на финансирање. Овој тренд и економската дилема за оправданоста на таквата постапка на државите во научните економски кулоари претставува вистински предизвик.
Во овој труд се настојува да се доловат значајни аспекти за јавниот долг, да се анализираат релациите помеѓу буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и нивните ефекти врз економијата. Импликациите од дефицитното финансирање се многу важни за севкупната макроекономска стабилност. Една од основните карактеристики која ги приближува современите економии е токму константниот раст на буџетскиот дефицит и константниот раст на јавниот долг. Со овој труд се очекува да се појаснат и детерминираат областите и начините на кои инструментите на јавните финансии реагираат врз економскиот систем.
Поинтензивниот државен интервенционизам во капиталистичките економии и државното влијание на основните макроекономски агрегати преку поголемите расходи за воени цели, истражувањата и развојот, интервенциите во земјоделското производство, стимулацијата на индустриското производство, изградбата на станови, образованието, здравството, социјалната помош за невработените, каматата на јавниот долг и слично, доведуваат до проширување на јавните расходи и сé поголеми потреби од извори на средства во формирањето на јавните приходи. Во трудот може да се согледа детерминантната улога на јавниот долг во натамошното одлучување на владите за покривањето на јавните расходи, како алтернативен извор на јавните приходи. Големината на јавниот долг е главно резултат на фискалните политики и дефицитите, додека пак управувањето со јавниот долг, исто така значаен сегмент од трудот, има влијание врз структурата на јавниот долг, а преку тоа и на отвореноста на економијата на пазарните ризици.
Скриптата „Улогата на јавниот долг во јавните финансии“ од д-р Стеван Габер претставува благороден обид материјата од предметот „Јавни финансии“ да ја прикаже пореално и да ги нагласи комплексните аспекти на таквото финансирање.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Stevan Gaber
Date Deposited: 21 Jan 2014 12:39
Last Modified: 21 Jan 2014 12:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8616

Actions (login required)

View Item View Item