Ревизија (теоретски и практични аспекти)

Dimitrova, Janka (2013) Ревизија (теоретски и практични аспекти). Универзитет „Гоце Делчев" Штип. ISBN 978-608-4708-75-9

Full text not available from this repository.

Abstract

Одлуката, каде да се вложат вишокот пари кои ги заштедиле физичките или правните лица, секогаш е тешка и проследена со сериозни размислувања. Добро е да се има информации и увид во релевантни и кредибилитетни податоци за субјектот во кој сакаме да ги вложиме нашите пари но, уште подобро ке биде ако тие информации и податоци се потврдени од луѓе кои се високостручни, професионалци, објективни, непристрасни и независни - ревизори .
Интерес за работењето на деловниот субјект имаат голем број корисници како што се инвеститорите, акционерите, основачите, работниците, државните органи, купувачите, добавувачите и други интересенти - стеикхолдери. Сите тие го наоѓаат својот интерес во доброто работење, просперитетот и профитабилноста на деловниот субјект во кој инвестиаат.
Рзавојот на информационата технологија и комуникациите овозможија брзо ширење на бизнисот низ целиот свет, со што се избришани или не постојат трговските и инвестициските бариери - граници. Токму затоа се јави потребата од воведување на унифицираност во изготвувањето на финансиските извештаи за работењето на деловните субјекти низ целиот свет.
Со воведувањето на Меѓународните сметководствени стандарди (МСС) и нивното прифаќање од голем број земји, се избегнува шареноликоста во презентирањето на податоците за финансиската состојба на стопанските субјекти и примена на општоприфатената рамка за финансиско известување. Напоредно со воведените МСС и Меѓународните ревизорски стандарди (МРС) нудат унифицираност при вршењето на ревизијата на финансиските извештаи и при изразувањето на независно ревизорско мислење.
Ревизијата опфаќа широк спектар на знаења од областа на сметководството, економијата, правото, етичките и законските норми, математички и статистички методи и претставува конгломерат од дисциплини и техники што на лицето - овластен ревизор, му овозможуваат да донесе суд во врска со вистинитоста и веродостојноста на финансиските извештаи на ентитетот каде што се врши ревизијата. Ревизијата претставува целокупност на теоријата и концептите применети при испитување на различните циклуси од работењето на деловниот ентитет, како што се: циклусот на приходи, продажба, набавки, производство, како и испитувањето на средствата, изворите и капиталот. “Ревизијата опфаќа испитување и оценка на работењето, организираноста и деловните функции, начинот на донесувањето на деловните одлуки, функционирањето на информацискиот систем кај субјектите на ревизија, како и други прашања значајни за нивното работење”.
Поради големината на субјектите на кои се врши ревизија и обемноста на финансиските трансакции не е можно да се изврши стопостотна ревизија на сите ставки и трансакции. За изведување на процесот на ревизијата, ревизорот применува независни ревизорски тестови (тестови на контрола, аналитички постапки, тестови на детали на трансакции и тестови на детали на салда), како алатки кои неминовно се изведуваат со користење на методот на примерок (испитување на примерок од популацијата - документите), што се покажува како ефективен и ефикасен метод при вршењето на ревизијата. Независните ревизорски тестови се изведуваат во функција на имплементацијата на фундаменталните концепти на ревизијата (концептот на материјалност, ревизорски ризик и ревизорски доказ).
Токму поради тоа што при вршењето на ревизијата не е можно да се ревидираат сите ставки и трансакции туку само дел од нив, мислењето се изразува со разумна сигурност и уверување дека изјавите и тврдењата во финансиските извештаи не содржат материјално значајни погрешни прикажувања.
По објаснувањето на основните концепти и дефиниции за ревизијата, акцентот на истражувањето ке биде насочен и кон идентификување на сетот на финансиски извештаи кои се предмет на ревевизија како и кон трите фундаментални концепти во ревизијата: Концептот на материјалност-значајност со кој се утврдува нивото на прифатливата материјалната значајност на погрешните прикажувања во финансиските извештаи, Концептот на ревизорски ризик - со кој се утврдуваат видовите на ризици и нивото на нивната прифатливост, како и Концептот на ревизорски доказ преку кој се доаѓа до достатен и соодветен доказ за потврдување на тврдењата во финансиските извештаи.
Примената на независните тестови во ревизијата служат за обезбедување на доказ кој ќе ги поддржи тврдењата на менаџментот коишто имплицитно се прикажани во финансиските извештаи или да ги открие значајните неточности како резултат на измами и грешки во финансиските извештаи.
Во текот на обработката на содржината, континуирано ќе се прикажуваат практични примери од реалното изведување на процесот на ревизијата а на крајот ќе се опишат постапките при вршењето на ревизијата во сите нејзини сегменти и изразување на независно ревизорско мислење, како и пример на комплетен ревизорски извештај на конкретно акционерско друштво во Република Македонија.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 30 Dec 2013 13:39
Last Modified: 10 Sep 2015 14:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8613

Actions (login required)

View Item View Item