Kokalevski, Mirce and Namicev, Petar (2013) Аспекти на зачувување на локален архитектонски идентитет во услови на глобализацијата. Промените на глобалното општество, меѓународна научна конференција. p. 911. ISSN ISBN 978-608-4574-58-3
Preview |
Text
konf_6-7_2013_01 EURM.pdf Download (13MB) | Preview |
Abstract
Основна тематика во овој труд e проблематиката на спецификите на локално ниво во архитектурата и дизајнот, со акцент на спецификите на организацијата на просторот во Република Македонија и поврзаноста на традицоналните вредности и современиот дизајн. Релациите на локално, регионално и глобално ниво се многу изразени и од нивото на препознатливост на локалното ниво зависи и карактерот на повисоките нивои. Во услови на изразени процеси на глобализација, во исто време се повеќе има потреба од истакнување на локалните специифики како на национално ниво, така и на ниво на блиско соседство, како што е случајот на ниво на Балканот, во рамки на европскиот простор.
Од широкиот спектар на можно согледување на карактеристиките на локално ниво, во трудот се елаборираат некои сегменти на македонската традиција во организирањето на просторот, од урбани до внатрешни простори на традиционалната македонска куќа. Таквите пораки се важни за почитување на локалната традиција, како можност за континуитет на пораките на традицијата и нивно применување во соодветни современи дизајни, во конкретниот случај во современата организација на просторот. Со примена на различни сегменти на традиционалните пораки, можат да се креираат различни солуции и квалитети на организирање на просторот, во кој се одвиваат виталните активности на човекот.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Petar Namicev |
Date Deposited: | 27 Dec 2013 11:21 |
Last Modified: | 27 Dec 2013 11:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8554 |
Actions (login required)
View Item |