Стандарднојазичната норма на македонскиот јазик и транскрипцијата на турските лични имиња

Leontik, Marija (2011) Стандарднојазичната норма на македонскиот јазик и транскрипцијата на турските лични имиња. Зборник на трудови од научниот собир „Стандарднојазичната норма и македонскиот јазик - Јазикот и идентитетот одржан на 15 април 2010. pp. 121-132. ISSN 978-608-220-014-9

[thumbnail of ИМЈ-2010.pdf]
Preview
Text
ИМЈ-2010.pdf

Download (773kB) | Preview

Abstract

Според стандарднојазичната норма на македонскиот јазик странските лични имиња во македонскиот јазик се предаваат со кирилица. Тие се транскрибираат, односно при нивното предавање со кирилица се поаѓа од нивниот изговор, а не од нивната форма. Во „Правопис на македонскиот литературен јазик“ авторите посветиле големо внимание на транскрипцијата на странските имиња, меѓу кои и на турските имиња во македонскиот јазик
Преводот и адекватното пренесување на турските лични имиња во македонскиот јазик е поврзано со фонолошката структура на двата јазика и со азбуката. Преводната еквиваленција од една страна е олеснета бидејќи македонскиот и турскиот правопис се базираат на фонетски принцип, а е отежната затоа што турскиот јазик содржи три вокали и еден консонант што ги нема во македонскиот јазик. Турскиот јазик содржи осум вокали (a, e, i, ı, u, ü, o, ö) и дваесет и еден консонант (b, c, ç, d, f, g, ğ, h, j, k, l, m, n, p, r, s, ş, t, v, y, z), додека македонскиот јазик има пет вокали (а, е, и, у, о) и дваесет и шест консонанти (б, в, г, д, ѓ, ж, з, ѕ, ј, к, л, љ, м, н, њ, п, р, с, т, ќ, ф, х, ц, ч, џ, ш). При пренесувањето на турските лични имиња во македонскиот јазик проблеми се јавуваат кога во нив се јавуваат вокалите ı, ö, ü и консонантот ğ (спирантен консонант што во турскиот јазик се нарекува „меко г“). Во вакви ситуации, вокалите и консонантите што немаат соодветна преводна еквиваленција во македонскиот јазик, се заменуваат со преводна еквиваленција што е најблиска и најслична до оригиналниот турски глас, но праксата покажа дека е неопходно да се доуточнат и дополнат правописните правилата за транскрипција на турските лични имиња во македонскиот јазик.
Клучни зборови: стандардно јазична норма, правопис, транскрипција, турски лични имиња.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Leontik
Date Deposited: 27 Dec 2013 09:25
Last Modified: 27 Dec 2013 09:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8538

Actions (login required)

View Item View Item