Од традиционално кон инклузивно образование/училиште/настава/наставник

Mirascieva, Snezana (2013) Од традиционално кон инклузивно образование/училиште/настава/наставник. Book of abstracts "Modern aspects of special education and rehabilitation of persons with disabilities". pp. 114-115. ISSN 978-608--238-026-1

[thumbnail of Од традиционално кон инклузивно образование.pdf]
Preview
Text
Од традиционално кон инклузивно образование.pdf

Download (356kB) | Preview

Abstract

Во доменот на цивилизацискиот развој, образованието се движи по патот од сегрегација кон интеграција, од ексклузивност кон инклузивност. Со право може да се констатира дека концептот на инклузивно образование е прифатен во многу земји. Инклузивноста како атрибут подразбира нов модел на организирано поучување и учење кој се идентификува и потврдува преку создавање на инклузивна култура, креирање на инклузивна политика и развивање на инклузивна практика во нашите училишта. Овие чекори се однесуваат и на создавањето нов модел на наставник кој ќе одговори на потребите на инклузивната настава. До која етапа од патот на инклузија се нашите наставници е прашањето кое е предмет на интерес во овој труд. Во истражувањето се опфатени наставници од основното училиште, а користен е прашалник со индикатори на инклузивноста. Индикаторите на инклузивност се определени во шест области и три димензии. Анализата на податоците во истражувањето покажа дека трите димензии во индексот на инклузивност не се еднакви развиени. Димензијата која се однесува на развојот на инклузивна практика побавно се развива. Евидентен е недостаток на конкретни инструкции, пристапи и модели во подготовката, реализацијата и евалуацијата на инклузивната настава. Овие сознанија се поттик за натамошни истражувањa.
Додатни информации: Зборникот на апстракти е лиценциран во EBSCO академските бази на податоци. Зборникот на резимеа од Четвртата меѓународна конференција е организирана по повод 20 години од работата на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје и содржи 115 резимеа поделени во четири области: Рехабилитација, Едукација, Квалитет на животот и Наручувања во однесувањето.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Mirascieva
Date Deposited: 23 Dec 2013 10:21
Last Modified: 20 Jan 2014 09:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8476

Actions (login required)

View Item View Item