Petrovski, Vlado and Mirascieva, Snezana (2010) Методика на наставата по Религиско образование. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. ISBN 978-608-4504-20-7
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_daniela.jakimova_Desktop_TETOVO_учебник комплетза печат.pdf Download (790kB) | Preview |
Abstract
Предговор
Полемиката помеѓу науката и религијата, која долго време се води низ историјата, околу прашањето за воведување на религиското образование во образовниот систем секогаш добивала жестока димензија. Но тоа не значи дека таа спротивставеност укажува на фактот дека религијата и религиската настава во теоретска смисла се спротивставува на човековите слободи, демократијата и на современите политички и општествени системи.
Во тој контекст, никако не смеат да се одречат вредностите што во себе ги содржи секој вистински религиозен систем, бидејќи тие системи се израз на едно долговековно човечко искуство за кое мора да се има знаење. Исто така, традицијата, па според тоа и сегашноста, без познавање на историјата на религијата, религиската култура, односно религиското образование не можат да бидат адекватно сфатени, бидејќи религијата битно ја определува традицијата, како што и ова се рефлектира врз одредени религиски сегменти.
Република Македонија е мултиетничка, мултиконфесионална и мултикултурна држава, која и во минатото и денес постојано развива и одржува квалитетен дијалог помеѓу различните верски и етнички заедници со цел да се овозможи соживот на највисоко ниво, со взаемна почит, толеранција и меѓусебно разбирање.
Мултирелигиското образование треба да го стимулира и изостри чувството за заедничкото живеење, за респектирање како особено важна социјална карактеристика на мултикултурните, мултирелигиозните и мултилингвистичките општества.
Трудот „Методика на наставата по религиско образование” настана како резултат на констатираната потреба на авторите за синтетизирана и за конкретизирана анализа на основните дидактички поими и принципи за наставата по религиско образование. Овие содржини треба да им овозможат на дипломираните теолози поконзистентно да ги запознаат учениците со различните религиски системи и со фактот дека религијата не треба да се изучува како убедување, туку како да се стекнуваат научни знаења за неа.
Основниот мотив на авторите да го создадат овој труд беше желбата, намерата и настојувањата дипломираните теолози да се стекнат со знаење и вештини, способности за најквалитетно и најефикасно практицирање на сопственото знаење, да се стекнат со наставнички компетенции и да се специјализираат во сферата на религиското образование, како професионален и квалификуван кадар.
Водени од идејата дека сите учесници во воспитно-образовниот процес, па и сите граѓани се автономни во своите размислувања, авторите ќе бидат благодарни за сите критики, сугестии и предлози кои се искрени и кои се во функција на подобрување на квалитетот на трудот во неговото второ издание.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Vlado Petrovski |
Date Deposited: | 18 Dec 2013 12:52 |
Last Modified: | 18 Dec 2013 12:52 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8433 |
Actions (login required)
View Item |