Концерт на Краповски, Богоромова и Шкариќ во Штип

Во среда, со почеток во 19 часот во Националната галерија „Безистен" во Штип, ќе се одржи концерт на кој ќе настапат Паскал Краповски-виолончело, Гонца Богоромова-сопран и Милица Шкариќ-пијано.

Соработката помеѓу тројцата уметници датира од 2010 година и овој концерт е уште еден од серијата концерти на кој цел е анимирање на музичките сцени низ градовите во Македонија.

На програмата се познати дела од светската литература за виолончело и за сопран од Белини, Доницети, Абасов, Гранадос, Попер, Бернштајн...

Паскал Краповски - виолончело, потекнува од семејство со долгогодишна музичка традиција. Музичкото образование го започнува во Скопје, во класата на Диме Стојанов, а ја продолжува во Софија, Бугарија, во класата на Проф. Анатоли Крстев каде ги завршува и постдипломските студии.

Краповски е водач на групата виолончела при Македонската филхармонија, прв виолончелист на камерниот оркестар при МФ, член на "Music Progressive Quartet" и "BREVIS" квартет.

Доцент е на ФМУ при УГД во Штип, како и наставник при ДМБУЦ "И.Н. Луј" во Скопје.
Гонца Богоромова - сопран,средно музичко образование завршува во УЦМО-Штип во класата на Проф. м-р Александра Коцевска. Во периодот 2003 - 2007 година е на додипломски студии на ФМУ во Скопје, во класата на Проф. Билјана Јакимовска-Јовановска, каде што дипломира со највисока оцена CUM LAUDE.

Активно настапува на концертните подиуми и манифестации низ Македонија и надвор од неа, а и како солист со водечките оркестри од земјава.

Во периодот декември 2012 - јануари 2013 настапува како солист со "Wien Klang Sinfonietta" од Виена на новогодишна турнеја низ Кина. Богоромова e наставник по соло пеење во ДМБУЦ "И.Н. Луј" во Скопје и во Центарот за обука - "ЕВА" и член на хорот при МОБ.

Милица Шкариќ - пијано, дипломира пијано и камерна музика во Париз на Ecole Normale Musique de Paris. Се усовршува како солист во класата на Проф. Евгениј Корољов на ФМУ во Хамбург, Германија.

Повеќекратен лауерат е на државни и меѓународни натпревари како и стипендист на бројни фондации.

Во периодот 2004-2005 година е гостин професор на ФМУ во Ен Арбор, Мичиген-САД. Настапува како солист и камерен музичар на многубројни подиуми ширум светот. Има снимено и три ЦД-а, на кои се наоѓаат музика од современи балкански композитори, камерна музика од Пол Хиндемит и ремек дела од светската литература за тенор и пијано.

Шкариќ е професор по пијано, методика на настава по пијано и камерна музика на ФМУ при УГД во Штип.

Најнови

»Полициска акција го тресе српското подземје – приведени стотина наркодилери

»ЕУ го усвои заштитниот механизам за визите за Западен Балкан

»Какви жени мажите бираат за љубовници?

»Трудната Венди се шминка и пуши додека вози (ВИДЕО)

»Кличко тврди дека 14 луѓе се исчезнати по растурањето на протестите

»Полициска акција го тресе српското подземје – приведени стотина наркодилери

»Вака ќе изгледаше „Top Gear“ ако се снимаше во Југославија (ВИДЕО)

»Заборавија на кавгата: Рада се бакна со Милан Станковиќ!

(C) 2013 www.mkinfo.mk - Сите права се заштитени