Деконструкција на ликот во прозата на Драги Михајловски

Mladenoski, Ranko (2006) Деконструкција на ликот во прозата на Драги Михајловски. Современост, 54 (5). pp. 82-96. ISSN 0038-5972

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 4 dekemvri 2013_Dekonstrukcija na likot kaj Mihajlovski Sovr_Ranko Mladenoski Dekonstrukcija na likot vo prozata na Dragi Mihajlovski.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 4 dekemvri 2013_Dekonstrukcija na likot kaj Mihajlovski Sovr_Ranko Mladenoski Dekonstrukcija na likot vo prozata na Dragi Mihajlovski.pdf

Download (162kB) | Preview

Abstract

Овој труд претставува детална анализа и интерпретација на постапката на дезинтеграција на ликовите во прозните книжевно-уметнички дела на Драги Михајловски. При анализата земени се предвид неколку збирки раскази („Речно улиште“, „Триполската капија“, „Ѓон“, „Скок со стап“) како и два романи („Пророкот од Дискантрија“ и „Смртта на дијакот“) од Михајловски. Интерпретацијата е насочена кон изолирање и анализирање на бројни наративни елементи што го дезинтегрираат ликот во прозата на Михајловски, а тоа се име и презиме (мешање на ликови), деминутиви, анти-портрет, ликови дублети, трансформации на ликовите, пасивен субјект и други. Деталната анализа на овие наративни постапки покажува дека семантичката дезинтеграција (деконструкција/ дестабилизација) на ликовите е една од доминантните постапки во раскажувачките дела на Драги Михајловски. Во заклучокот на овој труд се потенцира дека Михајловски со наративната постапка на деконструкција на ликовите во своето прозно творештво отвора мноштво теми како што се, на пример, незадоволството на индивидуата од неможноста да го реализира сопствениот автентичен идентитет, хипокризијата како зло коешто ја отуѓува единката од другите, но и од самата себеси и сл.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 05 Dec 2013 13:57
Last Modified: 05 Dec 2013 13:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8338

Actions (login required)

View Item View Item