Mladenoski, Ranko (2007) Генезата на вечниот живот. Современост, 55 (2). pp. 117-125. ISSN 0038-5972
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Za repozitorium 3 dekemvri 2013_Dimitar Boskov Po tragite na mislata Sovr_Ranko Mladenoski Genezata na vecniot zivot.pdf Download (81kB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува поширок осврт, една екстензивна рецензија за книгата со наслов „По трагите на мислата“ од Димитар Бошков којашто беше објавена во 2006 година како издание на „Современост“ од Скопје. Во трудот, меѓу другото, се нагласува дека авторот на оваа книга, од една необична и сосема нова гледна точка, ја разгледува генезата на поезијата, на литературата, на уметноста, но и на животот воопшто, барајќи ги нивните корени во поетската мисла, односно во божјата мисла. Она што ние најчесто го определуваме како инспирација за уметниците или божјо вдахновение или, пак, илуминација (просветление), авторот на оваа книга, Димитар Бошков, го детерминира како поетска мисла којашто има небесен или божји карактер, односно небесно или божјо потекло, но таа истовремено е и составен дел на човечкото битие. Со една сложена покажувачка (илустративна) и докажувачка (фактографска) постапка се стигнува до навистина очудувачки заклучоци за небесната генеза на поетската мисла и за нејзината клучна улога (или: функција) во создавањето и во структурата на сиот видлив и невидлив, познат и непознат универзум. Покрај ова, во трудот се врши детален опис на целосната идејна поставеност на книгата од Димитар Бошков со осврт на суштинските пораки до читателот. Во заклучокот на трудот се потенцира дека оваа книга е еден силен обид со мудри напори да се врати автентичната позиција на уметноста и на културата воопшто во човечкиот живот, како и тоа дека сета уметност, сета култура, сета наука, како што покажува и докажува Бошков во оваа книга, своите корени ги имаат во мислата, во божјата мисла, односно во поетската мисла.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 05 Dec 2013 11:15 |
Last Modified: | 05 Dec 2013 11:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8313 |
Actions (login required)
View Item |