Примената на МСФИ за МСЕ, императив за унифицирано финансиско известување

Dimitrova, Janka and Kostadinovski, Aleksandar (2013) Примената на МСФИ за МСЕ, императив за унифицирано финансиско известување. Зборник на трудови - Економско-финансиската криза и сметководственото окружување-предизвици за сметководството, ревизијата и финансиите и позиционирањето на сметководствената професија. ISSN 978-9989-747-32-8

[thumbnail of ПРИМЕНАТА НА МСФИ ЗА МСЕ%2C ИМПЕРАТИВ ЗА УНИФИЦИРАНО ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ.pdf]
Preview
Text
ПРИМЕНАТА НА МСФИ ЗА МСЕ%2C ИМПЕРАТИВ ЗА УНИФИЦИРАНО ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ.pdf

Download (670kB) | Preview

Abstract

Одборот за меѓународни сметководствени стандарди (ОМСС), во Јули 2009 година издаде нов Меѓународен стандард за финансиско известување, наменет за користење од страна на малите и средните ентитети (МСФИ за МСЕ). МСФИ за МСЕ е наменет за мали и средни ентитети кои немаат јавна одговорност. Со имплементацијата на овој стандард се олеснува финансиското известување кај МСЕ, бидејќи во него се изоставени поглавјата кои не се однесуваат (среќаваат) кај МСЕ, вклучени се поедноставени опции за признавање и мерење што само по себе значи поедноставена изработка на финансиските извештаи.
Важноста на сметководството, како извор на информации за сопствениците и менаџерите на малите претпријатија и нивните различни засегнати страни е очигледна. Токму затоа МСФИ за МСЕ е дизајниран со цел да се обезбеди поедноставен, автономен и глобален стандард за сметководствено и финансиско известување, за да ги задоволи потребите на сопствениците, менаџерите, доверителите, вработените и други заинтересирани страни на глобално ниво.
Во Република Македонија, МСФИ за МСЕ е прифатен како рамка за финансиско известување во Август 2011 година со задолжителна примена од 01 Јануари 2012 година. Заради споредливост на податоците во годишната сметка за 2012 година се наложи и рекласификација на податоците за 2011 година според МСФИ за МСЕ.
Земјите членки на Европската Унија се уште ги применуваат Директивите IV и VII како Општо прифатени сметководствени принципи (GAAP, Generally Accepted Accounting Principles). Се прават напори за изнаоѓање решенија за финансиско известување кај МСЕ во земјите членки кои не ги прифатиле директивите за финансиско известување на ЕУ.
Од друга страна се наметнува прашањето за разликите во критериумите за класификација на ентитетите по големина. Секоја земја самостојно ги утврдува критериумите за класификација на мали и средни ентитети, па така може да се случи ентитети со иста големина во различни земји да бидат класифицирани во различна група, што пак ја нарушува рамнотежата во финансиското известување и употреба на податоците.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: финансиско известување, приватен сектор, мали и микро ентитети, заинтересирани страни, директиви
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 03 Dec 2013 13:41
Last Modified: 07 Aug 2015 08:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8285

Actions (login required)

View Item View Item