Delipetrev, Marjan and Doneva, Blagica (2012) Основи на геофизика. . (Unpublished)
Preview |
Text
OS.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Геофизиката е наука за проучување на физичките полиња на Земјата. Всушност и самиот збор е кованица од два збора: Гео - што значи земја и физика. Геофизиката, главно, може да се подели на два дела
1. фундаментална и
2. апликативна (геофизички методи).
Фундаменталната геофизика се занимава со пратење и изучување на геофизичките полиња, односно дефинирање на геофизичките полиња во просторот и времето. Познавањето на овие полиња овозможува подобро да се запознае како внатрешната градба на Земјата, така хидросферата и атмосферата.
Перманентното пратење на геофизичките полиња и геофизичките методи даваат можност за откривање на некои елементи од историскиот развој на Земјата, формата и многу други својства на Земјата.
Геофизичките истражувања претставуваат вештина на примената на физичките науки, при проучувањето на структурата и составот на оние слоеви на Земјата кои се наоѓаат доволно плитко да можат да бидат експлоатирани или поради изучување на градбата на Земјата.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences Natural sciences > Other natural sciences Natural sciences > Physical sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Marjan Delipetrev |
Date Deposited: | 02 Dec 2013 10:44 |
Last Modified: | 04 Aug 2015 09:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8242 |
Actions (login required)
View Item |