Mladenoski, Ranko (2011) Поетскиот палимпсест на Блаже Конески. Зборник на трудови од Меѓународниот научен собир „Развојот на македонската литература“ во Скопје. pp. 409-424. ISSN 978-9989-886-84-3
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi od 2011 za repozitorium 16 noemvri 2013_Za Koneski palimpsest_Ranko Mladenoski Poetskiot palimpsest na Blaze Koneski.pdf Download (135kB) | Preview |
Abstract
Студијата „Поетскиот палимпсест на Блаже Конески“ разработува една поетска постапка што самиот Конески ја определуваше како навраќање кон традицијата преку иновација и актуализација и којашто е клучна не само во неговата поезија, туку воопшто во развојот на македонската литература. Во книжевната теорија ваквиот творечки модел се определува со повеќе термини како што се интертекстуалност, трансцедентна текстуалност или транстекстуалност, интердискурсност или интердискурзивност итн., но и како палимпсест, односно како надградување на хипотекстот (старото) со хипертекст (ново). Станува збор за различни книжевно-теориски стратегии кои се појавувале во разни школи во втората половина на минатиот 20 век, но кои сепак меѓусебно се испреплетуваат и се допираат во определени значенски точки. Анализата на поезијата од Блаже Конески покажа дека се бројни песните во кои се применува ваквата постапка. Овие песни на Конески се класифицираат во четири групи во зависност од потеклото на „стариот мотив“ врз кој, слично како техниката на палимпсестите, се создава сосема нова книжевна творба. Тоа се: фолклор, религија, историја и уметничка литература. Во студијата се даваат поголем број илустрации и елаборации за секоја група поодделно. Студијата, имено, ја елаборира и ја демонстрира функционалноста на трите фактори, традиција - колектив - автор, во творештвото – постапка за која Конески тврдеше дека е основна за секое уметничко дело, односно без која нема уметност.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 22 Nov 2013 11:10 |
Last Modified: | 22 Nov 2013 11:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8175 |
Actions (login required)
View Item |