Mladenoski, Ranko (2004) Семантичките слоеви во „Папокот на светот“. Современост, 52 (3). pp. 69-83. ISSN 0038-5972
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi od 2011 za repozitorium 16 noemvri 2013_Semantickite sloevi vo Papokot_Ranko Mladenoski Semantickite sloevi vo Papokot na svetot.pdf Download (135kB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува структурална интерпретација на наративните елементи во романот „Папокот на светот“ од Венко Андоновски. Во пристапот кон анализата на овој роман се тргнува од неколку кодови коишто, всушност, ја сочинуваат основната наративна структура и чија трансформација ја компонира повеќезначноста и повеќеслојноста во „Папокот на светот“. Станува збор, имено, за следните кодови: „писмо“, „жена“, „папок“, „човек“, „отров“, „пајак“, „планина“. Во трудот натаму се нагласува дека овие кодови („писмо“, „жена“, „папок“, „човек“, „отров“, „пајак“, „планина“) меѓу себе се испреплетуваат и се надополнуваат на семантички план создавајќи на таков начин една мошне сложена, но и кохерентна наративна структура. Така, на пример, кодот „писмо“ се манифестира преку поткодовите „писмо“, „жена“, „папок“, „отров“, а кодот „жена“ може да се детерминира преку поткодовите „писмо“, „папок“, „отров“, „пајак“. Во трудот детално се анализираат тие испреплетувања и надополнувања на кодовите и на поткодовите по што се заклучува дека романот „Папокот на светот“ од Венко Андоновски, несомнено, е повеќезначно, повеќеслојно и кохерентно книжевно дело изградено со општочовечки, општопросторни и општовременски семантички кодови.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 22 Nov 2013 11:08 |
Last Modified: | 22 Nov 2013 11:08 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8172 |
Actions (login required)
View Item |